Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска 04.07.2023 година (вторник) заедно со Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, ќе изврши увид во градежните работи на мостот на улица „Љубљанска” кој се гради во Општина Карпош со средства од ТАВ програмата за кој се одвоени над 6 милиони и 200 илјади евра.
По увидот предвидени се изјави за медиуми со почеток во 10:30 часот, при што го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.