Вкупно 180 мерки, од кои 54 за возење повеќе од дозволената брзина се изречени во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје во рамки на контролите на Секторот за внатрешни работи Скопје.
Како што соопшти МВР, изречени се и 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум за користење мобилен телефон при управување возило, две мерки за возење под дејство на алкохол и осум за некористење на сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.