Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе го пречека и ќе биде домаќин на Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија.
Официјалната посета на претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, во Република Северна Македонија ќе биде на 6 јули 2023 година (четврток), во Владата на Република Северна Македонија каде премиерот на Албанија, Рама ќе биде пречекан со највисоки државни почести.