ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Средба Рама –Курти ќе има само ако се одржи откажаната седница на двете влади; КФОР негира дека Србија шверцува оружје во Косово; „Отворен Балкан“ – за и против

July 5, 2023 12:27
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанските медиуми во регионот и денеска преовладува темата „Отворен Балкан“, односно изјавата на еден од потписниците на Иницијативата, албанскиот премиер Еди Рама дека иницијативата ја завршила својата мисија, што медиумите ја толкуваат како завршеток на „Отворен Балкан“. Дилеми околу оваа изјава изрази српскиот претседател Вучиќ, кој рече дека не верува дека Рама кажал такво нешто, а медиумите констатираат дека од Северна Македонија се уште нема никаква реакција по изјавата. Во Косово се проблематизира шверцот со оружје, за што алармираше британската пратеничка Алиша Кернс, која тврди дека Србија шверцува оружје преку амбулантни возила и истото се испраќа во православните цркви, додека од КФОР велат дека нема докази за такви активности.

Во продолжение се сите теми од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

Албеу – Рама со турнеја на Балканот, Курти го условува: Нема да се сретнам со него доколку не ја одржиме откажаната средба на двете влади

„Албанскиот премиер  Рама утре ќе престојува во Приштина од каде што ќе ја започне балканската турнеја како дел од подготовките за самитот за Берлинскиот процес што се очекува да се одржи во октомври.

Во таа насока, премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека нема да се сретне со  Рама доколку не ја одржат заедничката средба на двете влади, која беше откажана пред неколку недели.

Курти рече дека побарал од Рама средба на двете влади на потпишување на 13-те договори меѓу двете земји, притоа нагласувајќи дека секој изгубен ден е загуба за граѓаните“, пренесува Албеу.

Арбреш: Британска пратеничка вели  дека Србија шверцува оружје преку амбулантни возила, од КФОР велат дека  нема докази за тоа

Пратеничката во британскиот парламент, Алиша Кернс, алармираше за шверцот на оружје од Србија во Косово.

Кернс вчера (вторник) во британскиот парламент изјави дека Србија шверцува оружје преку амбулантни возила и истото се испраќа во православните цркви.

Од КФОР одговорија дека нема докази поврзани со наводниот шверц што се врши преку административната гранична линија меѓу Косово и Србија во православните цркви во амбулантни возила, пренесува Арбреш.

РТК – Мерки на ЕУ кон Косово, експертите вела дека  штетата ќе биде голема

„Мерките што ги најави ЕУ и кои почнаа да се спроведуваат во форма на санкции против Косово, се најлошото што може да и се случи на земјата. Економскиот експерт Сафет Герџалиу вели дека државата се наоѓа во многу критична точка и во реалност од која ќе биде многу тешко да се опорави во иднина“, пренесува РТК.

РСЕ: Нов предлог на ЕУ како „можност за проширување“

Поради неспроведување на барањата, ЕУ спроведува некои казнени мерки против Косово. Но, според косовскиот политички аналитичар Имер  Мушколај, оваа форма на дејствување не гарантира продолжување на ситуацијата.

„Сметам дека таквата форма на казнување нема да биде ефективна бидејќи не може да се придвижи напред кон проширувањето, се додека ЕУ, како олеснувач на дијалогот [Косово-Србија], не дава други предлози“, вели тој, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

АНАЛИЗА

Зошто заврши „Отворен Балкан“ и што произведе?

„По најавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, за крајот на Отворениот Балкан, власта и опозицијата во Албанија, како и поранешните дипломати, со различни ставови за постигнувањата и причините за затворањето на регионалниот иницијатива, каде што освен Албанија, дел се и Србија и Северна Македонија.

За власта, иницијативата ја постигна својата цел, зошто беше создадена како поттик за Берлинскиот процес, а за опозицијата не постигна ништо, туку само нанесе штета на односите со Косово и и служеше на Србија.

Албанскиот премиер Рама прогласи затворање на Отворен Балкан, иницијатива која отвори силни дебати во Албанија, но и судири во односите со Косово. Тој на 1 јули изјави за Еуроњуз Албанија дека оваа иницијатива е родена за унапредување на Берлинскиот процес и, според него, оваа мисија е остварена.

Во врска со оваа изјава на Рама, претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека „не може да верува дека тој [Рама] рекол такво нешто“. Во меѓувреме, во Северна Македонија нема реакции на изјавата на Рама.“, се наведува во опширната анализа под наслов „Зошто заврши „Отворен Балкан“, објавена во Радио Слободна Европа, на албански јазик.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Приведен радовишанец кој подметнал пожар во зграда

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk