ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со иницијативата за капитални дотации доделивме 40 милиони денари на општините за развој на културата, нагласи Костадиновска-Стојчевска

July 5, 2023 11:05
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА

„Иницијативата за капитални дотации во локалните самоуправи не е ништо ново во програмата на Министерството за култура, меѓутоа она што е ново е тоа што оваа година, таа ставка изнесуваше околу 40 милиони денари кои што се распределија на конкурс. Досега, оваа ставка односно средствата кои се наоѓале биле многу малку и тие побарувања никогаш не можеле да бидат истакнати“ рече министерката за култура, Бисера  во утринската емисија на Канал 5.

Таа истакна дека средства биле доделени на девет општини и изрази задоволство што локалните самоуправи покажеле голема свест во однос на растот на културата и инфраструктурата која што е потребна за развој на културата бидејќи тоа претставува еден вид на спој меѓу локалната самоуправа и централната власт.

Министерката Костадиновска-Стојчевска објасни дека таму каде што немало проекти, ќе се започне со изработка на проектна документација, а таму каде што веќе има ќе се продолжи и поддржи изградбата или реконструкцијата на објектите за култура.

„На пример, во Општина Делчево, Домот за култура АСНОМ, прв пат после неговата изградба, после 50 години добива средства за реконструкција на еден дел, односно влезниот дел, холот и дел од сцената. Наредната година таму можеме да продолжиме понатаму. Во Општина Валандово, каде што во центарот за култура има навистина голем број на настани, оваа година ќе добие и кино сала односно тоа се предвидува со парите од оваа ставка“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа истакна дека во село Тресноче, во Маврово и Ростуше, ќе се реконструира старото училиште во еден мултифункционален дом каде што ќе продолжи да се слави делото на Дичо Зограф.

„Општина Кратово која претставува еден град – музеј. Таму не постои еден дел од општината каде што нема некоја култура историја, каде што нема некој амбиент кој вреди да се сочува, да се истакнува понатаму. Таму овозможуваме сцена и неколку дрвени поставки кои ќе им овозможат на младите уметници, на сите кои работат и културно делуваат во Кратово да добијат еден мултифункционален пристап кон она што го прават“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Tags: Бисера Костадиновска Стојчевскакапитални дотации во локалните самоуправи
Next Post

Јакимовски во живо го презентираше новиот ДУП на Карпош

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk