ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитриевски повикан во МВР на информативен разговор

July 6, 2023 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска беше повикан на разговор во СВР Куманово по, како што информираше на прес-конференцијата, анонимна пријава за, според него, наводен предмет за исплати и недоместоци на лица вработени во општината.

– Сакам да ве информирам дека денеска со покана бев повикан во СВР Куманово на разговор во врска со предмет за исплати и надоместоци на лица вработени во општина Куманово. СВР Куманово постапува по анонимна пријава, во континуитет се случува истиот притисок на работењето на општина Куманово и на мене како градоначалник. Целта е јасна да бидам дефокусиран од моите секојдневни активности, вели Димитриевски.

Како што изјави Димитриевски, според наводите во пријавата, иако, вработените во Општина Куманово постапувале согласно законот, плати се исплаќаат со децении во општината и методологијата на пресметката е иста. Тој кажа дека Општината има потпишано и колективен договор за вработените.

-Но, сепак дадов свој исказ. Дополнително, по барање на лицата коишто ја водат постапката ќе добијат дополнителни информации. Ова го ценам како еден класичен пример на злоупотреба од страна на поединци коишто менаџираат со овој ресор во партиско политички цели на институциите. Видете, се случува еден преседан, секојдневно се пишуваат анонимни кривични пријави до МВР, од МВР завршуваат во Основно јавно обвинителство, се добиваат насоки за постапување, се отвораат предмети кои на крајот резултираат со ништо и се трошат ресурси, ние ги плаќаме сите тие лица коишто се ангажирани на тие активности, а во меѓувреме државата тоне во корупција. И тоа го потврдуваат сите релевантни амбасади во државата, вели Димитриевски.

Посочи дека и тој како градоначалник и вработените во општината ќе соработуваат со секоја истрага што ќе се води и напоменува дека од страна на надлежните институции на сите нивни поднесени барања како општина и градоначалник за постапување против Н.Н. лица, за кои посочи лажно ги постапуваат сите овие пријави нема отворено ниту една постапка.

Тој го повика обвинителството да постапи, да отвори предмет, да ги открие кои се лицата што ги пишуваат ваквите анонимни пријави.

Tags: ДимитриевскиКумановоМВР
Next Post

Семејството Дочински за првпат во Македонија произведува мед со сушено овошје

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ристовски: Одбојкарите ќе добијат три милиони денари за пласманот на ЕП

August 18, 2025
Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk