ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Груевски переше пари, Мицкоски го „пере“ Груевски

July 6, 2023 13:51
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

Не треба да има никакво сомневање дека изјавата на Мицкоски дека „спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите“ е инспирирана, или, уште полошо, претходно издиктирана и искоординирана со Будимпешта со цел да се изрелативизира обвинението на Основното јазвно обвинителство за организиран криминал и корупција форматирано во предметот „Феникс“ со кој се осомничени 15 високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи го и Груевски како првоозомничен.

Само два дена пред оваа неговата изјава од главниот град на Унгарија дојдоа насоките во „посланието“ на Груевски кога напиша дека „спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова“.

Оттаму со право беше реакцијата што дојде од Обвинителството за организиран криминал и корупција кое повика сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на Обвинителството.

„Ги потсетуваме сите политички фактори на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент – ‘лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи резултати во борбата против корупцијата преку зајакнување на институционалната независност и ограничување на политичкото мешање, особено во судството, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во Владата’“.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и јавниот обвинител, кој постапува по предметот „Феникс“, преземаат дејства за обезбедување докази целосно водејќи се од начелата на правичност и заштитата на пресумцијата на невиност, истакнаа во соопштението од ОЈО. Дополнија дека во однос на јавните коментари и шпекулациите во кои фокусот се става на временската рамка за преземање на дејствијата во овој предмет, сметаат дека е неопходно „да се истакнат одредени датуми што го следат постапувањето во предметот, со што јавноста ќе може да оцени дека предметот ‘Феникс’ е воден во согласност со законот и соодветно на доказите“.

Но зошто би го правеле тоа од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски, кога, очигледно, според „ферманот“ на султанот во бегство добија насоки случајот веднаш да почне да се релативизира и да се прогласи за политички процес и „постапка зад која стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката“.

Ете, тоа е тој мајндсет, тој „ум“ кој сега дава директиви тоа што некогаш беше нивна пракса од заробената држава и правосуден систем од тефтерчето, сега да го импутираат и на актуелната власт.

Пералната во Белата Палата „укључена“ на вриење

Просто е неверојатно како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека тоа што не се ослободија од гревовите на Груевски и неговата камарила (во превод: (бело)дворска група, клика која преку интриги влијае врз државните работи во своја корист), сега и постојано ги влече во амбис.

Наместо еднаш засекогаш да расчисти со груевизмот во ВМРО-ДПМНЕ и да ги симне тешките воденички камења што му ги обеси околу вратот неговиот „кум“ за да му го чува престолот, Мицкоски, сега веќе, засекогаш останува во прегратките на Миклош (Miklós), некогаш познат како Никола Од Гепекот.

Ама изгледа силна е пастирската љубов и обврзува на послушност, а со тоа и на релативизацијата на „Феникс“ за злоупотребите во Скопје 2014 ВМРО-ДПМНЕ, со што, всушност, Мицкоски го овозможува континуитетот на груевизмот.

Целиот текст на Бојаровски за Рацин.мк, тука.

Tags: Никола ГруевскиХристијан Мицкоски
Next Post

Шпанската министерка за труд Дијаз предложи да им се дадат 20.000 евра на младите за учење, обука или отворање фирма

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk