ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворен Балкан ќе остане отворен за сите, вели Ковачевски

July 6, 2023 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Саем „Винска визија на Отворен Балкан“, Белград. Фото: Цивил Медиа

Саем „Винска визија на Отворен Балкан“, Белград. Фото: Цивил Медиа

Отворен Балкан е произлезен од регионот и таа иницијатива во никаков случај не е во спротивност со која било друга иницијатива, особено не со Берлинскиот процес. Произлезен како идеја од три земји од регионот е секогаш отворена и за сите други земји од регионот, без разлика дали се тие членки на ЕУ или не се членки на ЕУ и таа секогаш ќе остане отворена за сите.

Ова го истакна премиерот Ковачевски на заедничката прес – конференција со албанскиот колега Еди Рама кој денеска престојува во еднодневна работна посета на земјава. Тој при тоа потсети дека на дел од состаноците на оваа иницијатива присуствуваа и министри за надворешни работи на Турција, Унгарија, а како гости на Самитот учествува и премиер на БиХ и на Црна Гора.

-Иницијативите најдобро се мерат според резултатите. Значи нешто кога работите најдобро ќе дадете оценка кога ќе го видите резултатот. Јас сега ќе ви кажам, дел од резултатите коишто произлегоа за граѓаните и за компаниите во овие три земји. Значи во Северна Македонија, Албанија и Србија. Надворешно трговската размена помеѓу Северна Македонија и Србија во однос на 2019 година е зголемена за 50 проценти. Надворешна трговската размена помеѓу Албанија и Северна Македонија во однос на 2019 година е зголемена за 40 проценти. Туристичката размена односно бројот на туристи од Србија во Северна Македонија е зголемена минатата година во однос на 2021 за 500 проценти. Македонија не можеше да замисли, ниту пак Албанија сама или Србија вклучително, да го имаат најголемиот штанд на најголемиот саем за вино во Италија, светски саем. Трите земји заедно во Верона, на Винитали го имавме најголемиот штанд на најголемиот саем. Тоа е можно ако отидете заедно. И тоа ќе го потврдат сите наши винарии. Благодарение на тоа Северна Макеоднија , нејзините вино производители го зголемуваат своето учество во продажбата на вино не само во регионот, туку во светот. Ние сме втор регионален извозник на вино, посочи Ковачевски на новинарско прашање.

Тоа што во Берлинскиот процес, вели, се мачеа со години да го направат – признавање на висококвалификуван кадар, на дипломи, слободно движење со лични карти и тн. беше направено во рамки на Отворен Балкан. Сега, вели, ќе го направиме и во рамки на Берлински процес, бидејќи покажавме дека може да се направи.

-Резултатите коишто ги даде Отворен Балкан и којшто има поддршка над 70 проценти меѓу граѓаните и компаниите, во сите три држави остануваат, ќе се работи на нови бидејќи мисијата на интеграцијата како императив, а којшто финална цел е интеграција на сите земји во ЕУ, не завршена. Берлинскиот процес е поширока иницијатива, ќе работиме заедно на неа во рамки на Берлинскиот процес конечно се потпишаа три договори, коишто се депонирани во нашето МНР, што значи дека со самото тоа Северна Македонија има свој значаен углед во Берлинскиот процес, додаде Ковачевски.

Потсети дека пред една недела се сретна со германскиот канцелар Шолц при што разговарале за Берлинскиот процес и за потребата на зголемување на економската соработка меѓу земјите од Западен Балкан и на зголемена поддршка од земјите од ЕУ за земјите од регионов.

-Секоја земја која што не се приклучила кон Отворен Балкан, таа всушност не можела да им овозможи на своите граѓани зголемена трговија, зголемена мобилност и зголемен животен стандард. Јас многу пати повторувам и пак повторувам најлесно е да бидете политичар којшто зборува за минатото, бидејќи тогаш ништо не ветувате. Кога зборувате за минатото тогаш не можете нешто да ветите. Тешко е да бидете политичар којшто зборува за иднината, за соработка за интеграции, бидејќи тогаш давате ветувања од коишто луѓето очекуваат подобар живот. Затоа би ги повикал сите лидери на Западен Балкан да се посветат кон интеграциските процеси во регионот и кон забрзано имплементирање на реформите за побрза интеграција на нивните земји,а со тоа и регионот во ЕУ, порача премиерот Ковачевски.

Tags: Берлински процесКовачевскиОтворен Балкан
Next Post
Shutterstock

Германија ја прекинува соработката со Приштина во неколку области поради тензиите во северно Косово

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk