Потребата да се задржи добрата клима меѓу двете земји, ја истакнале министрите за одбрана на Грција и Турција, Никос Дендиас и Јашар Ѓулер, во нивниот телефонски разговор и се договориле да се сретнат на самитот на НАТО во Вилнус, јави дописничката на МИА од Атина.
Ова е прва комуникација на двајцата министри за одбрана по изборите во двете земји, а Дендиас на Твитер објави дека освен што меѓусебно си честитале за преземањето на министерските позиции, се договориле да се сретнат во Вилнус на маргините на НАТО Самитот на 11 и 12 јули
-Првично се договоривме да се разговара за мерките за градење доверба меѓу Грција и Турција, чии детали ќе бидат разјаснети во Вилнус, напиша Дендиас на Твитер.
На НАТО Самитот се очекува и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што воедно ќе биде прва средба по изборите во двете земји.