Новинарот и аналитичар Зоран Иванов во објава на Фејсбук пишува инспириран од веста која циркулира на порталите – “ДПМНЕ на чело со овој дечково Мицкоски ја прекинува комуникацијата со власта”, алудирајќи на изјавата од Мицкоски денеска во Штип, дека ги прекинуваат сите официјални комуникации со власта и дека повеќе нема да има средби на билатерално ниво, а единствена тема на која може да разговараат со власта е предвремени парламентарни избори.
– Па фино, ја прекина и со Вашингтон и со Брисел па што, БРАВО, така и треба, Македонци сме библијски будимпештанско паљурски или мачја кашлица сме, топ ДПМНЕ смо напред, Софија скока од среќа!!, коментира Иванов.