ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски предводи владина делегација на Самитот на НАТО во Вилнус

July 10, 2023 14:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на 11 и 12 јули 2023 година ќе учествува и ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Самитот на НАТО Алијансата, што се одржува во Вилнус, Литванија. Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

На 11 и 12 јули претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе учествува на состаноците на шефови на држави и Влади членки на Северноатлантскиот совет, и поканетите шефови на држави и Влади на партнерски земји Австралија, Грузија, Јапонија, Република Кореја, Нов Зеланд како и претседателите на Европскиот совет и Европската комисија. На Самитот е предвидено да учествува и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

На Самитот на НАТО во престолнината на Литванија, Вилнус ќе се говори за ургентните безбедносни предизвици. Во фокус на состаноците на лидерите на Северноатлантскиот совет предвидено е да биде зајакнувањето на поддршката за Украина и зајакнувањето на врската на НАТО со Украина преку формирање на Советот НАТО-Украина. Лидерите ќе говорат за унапредување на одбранбените капацитети, споделување на обврските за снабдување со ресурси, како и нови одбранбени регионални планови и зајакнување на партнерствата.

Во рамки на учеството на Самитот на НАТО, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерални средби со премиерката на Естонија Каја Калас и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. Во програмата се предвидени и неформални состаноци на министрите за одбрана и надворешни работи на кои ќе учествуваат и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

На Самитот на НАТО премиерот Ковачевски ќе биде придружуван од сопругата Елена Ковачевска, која ќе има свои активности во рамки на програмата за сопружници во организација на Првата дама на Литванија, г-ѓа Дијана Науседа. Сопругата на претседателот на Владата, г-ѓа Ковачевска ќе го посети Центарот за деца и жени бегалци од војната во Украина, каде ќе се сретне со Првата дама на Украина г-ѓа Олена Зеленска. Во рамки на посетата, г-ѓа Ковачевска ќе присуствува и на настани посветени на литванската култура и уметност.

Tags: ВилнусКовачевскиНАТО
Next Post

Тотенхем нема да го продаде Кејн на Баерн за 80 милиони евра

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk