ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Чадиева до Колев: Велес сè уште не е протекторат, а велешани не се заморчиња

Господа Марко Колев и Горан Наунчев. Освестете се и преслушајте се. Интересите на граѓаните се пред интересите на партијата. Ако сте решиле да не закопате во ѓубре поделете ни маски, забранете ни да купуваме бостан и набавете отров за глувци зошто додека го чистите Скопје, Велес ќе се претвори во рај за глодари.

July 11, 2023 11:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога Македонија е зафатена од афрички топлотен бран со температурен шок кој во урбаните средини се најавува дека ќе достигне 45 степени целзиусови, Велес ќе останел без комуналната служба, истакна на прес-конференција претседателката на СДСМ Велес, Даница Чадиева.

Таа смета дека во ваква состојба градот го довеле градоначалникот Марко Колев и директорот на ЈКП „Дервен“ Горан Наунчев кои одлучиле во името на велешани да ги честат скопјани и со парите на граѓаните на Велес да го исчистат Скопје од смет.

„Не знам врз основа на кое овластување и врз основа на кој закон ќе го остават Велес, кој и така не може да се пофали со градска чистота, да се гуши во ѓубре, смрдеа и зараза. Дали овластувањата и заканите на Мицкоски за лични пресметки со непослушните одат до тој степен што го заматуваат здравиот разум на послушниците? Дали ова орвелово раководење на „Големиот брат“ сакаат да го применат и во Велес?  Велес се уште не е протекторат, а велешани не се заморчиња. Ако комуналните служби не се појават по утврдениот распоред на градските улици и не го соберат сметот, нема да ги платиме сметките на „Дервен“, намалени за соодветен надоместок,“ рече Чадиева на вчерашната прес-конференција.

Таа праша „Нели господата од ВМРО ќе работеа во интерес на сите граѓани, или да го употребам речникот на градоначалничката на Скопје со нас раководи шпицестиот градоначалник?“

„Господа Марко Колев и Наунчев. Освестете се и преслушајте се. Интересите на граѓаните пред интересите на партијата. Имате ли средства во буџетот за вонредни трошоци на скапите камиони за транспорт на контејнерите, за прекувремена работа на вработените, за дополнително ангажирање на работници?

Ако мислите тоа да го платат граѓаните на Велес – нема да може!“, истакна на пресот Чадиева.

Таа им порача на општинските власти дека „СДСМ Велес будно ќе го следи секој Ваш чекор и секогаш е тука да ги заштити интересите на овој град, а начинот и следните чекори ќе зависат од Вашите постапки“.

Tags: ВелесДаница Чадиева
Next Post

Центарот за јавно здравје со препораки до граѓаните како да се однесуваат при екстремно високи температури

EVN

НАЈНОВО

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Еванџелин Лили со ново обраќање за закрепнувањето по трауматска повреда на мозокот

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk