ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска на министерски состанок на Самитот на НАТО: Обединети и одлучни во гарантирањето на националната и колективната безбедност

July 11, 2023 21:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Вилнус учествуваше на неформалниот состанок на министрите за одбрана на земјите – членки на НАТО кој се одржа во рамки на лидерскиот Самит на Алијансата, соопшти МО.

На министерскиот состанок стана збор за зајакнувањето на одбраната и одвраќањето како концепт со кој се гарантира безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, за вложувањето на најмалку 2% од бруто-домашниот производ за одбрана, а стана збор и за поддршката на Украина во одбрана на нејзината сувереност и независност.

Во тој контекст, министерката Петровска истакна дека Северна Македонија е активен и кредибилен сојузник кој дава реална поддршка во зацврстувањето на источното крило на НАТО, видливо преку учеството на припадниците на Армијата во рамки на мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија.

– Македонските војници заедно со своите колеги од земјите на НАТО заеднички и рамо до рамо ја зацврстуваат нашата колективна безбедност. Остануваме дел од мултинационалните сили на НАТО зашто за нас безбедноста на секоја педа сојузничка територија и секој граѓанин на НАТО е од највисок приоритет, рече министерката.

Во однос на инвестирањето во одбраната, Петровска истакна дека Северна Македонија веќе следната година ќе одвои 2 проценти од својот БДП за одбрана, со што, покрај одвојувањето на најмалку 20 проценти од одбранбениот буџет за модернизација, ќе го исполниме и овој значаен критериум.

– Покажавме дека имаме реални и издржани планови и дека тие планови ги реализираме. Македонската одбрана се развива како никогаш досега и сето она што го вложуваме е инвестиција во нашата национална и колективна безбедност, која е основата за да продолжиме да живееме во мир, демократија и просперитет, рече Петровска.

Сојузниците се согласни да продолжи поддршката за Украина, беше речено на состанокот, а министерката Петровска ја истакна улогата на Северна Македонија во овој контекст.

– Со одлуките за донација на воена помош и вооружување на Украина освен политичка, покажавме и реална поддршка за украинскиот народ и држава во овие тешки моменти кога тие се борат за својата сувереност и независност. Морам да потенцирам дека со ниту една од овие одлуки не се влијаеше на намалување на борбената готовност на Армијата, која последните години преку процесот на модернизација сериозно се зголемува, рече Петровска.

Состаноците во рамки на лидерскиот Самит на НАТО продолжуваат и утре, кога министерката Петровска ќе учествува и на работна средба со жените-лидери, министерки за одбрана и за надворешни работи на сојузничките земји, се вели во соопштението од МО.

Tags: безбедностВилнусНАТОСамитСлавјанка Петровска
Next Post

Османи од Вилнус: „Членството во НАТО и ЕУ ја гарантира регионалната и европската безбедност“

Shortcut

Најново

Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk