ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Западен Балкан и ЕУ да обезбедат повеќе искреност, поголема мобилизација и подобри резултати

July 11, 2023 14:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

Share on FacebookShare on Twitter

Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС) со канцеларија во Скопје информира дека е излезен новиот број од тримесечното издание на магазинот за општествени прашања „Предизвици“ на тема „Ревидиран ЕУ пристапен процес, нов геополитички контекст, нови можности, стари ризици“.

Потпретседателката на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, професорката по уставно право и политички систем, поранешна министерка за образование и наука, како и поранешна министерка за правда Рената Дескоска, државниот советник за европски политики и координација во Секретаријатот за европски прашања Драган Тилев, пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија Санела Шкријељ и поранешната директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија Фани Каранфилова Пановска, во новото издание на „Предизвици“ споделуваат свои размислувања, очекувања и перспективи во процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија.

Шекеринска истакнува дека поместувањето на геополитичките тектонски плочи реално ја подотвори вратата на наше идно членство во ЕУ, но дека тоа нема да трае долго – тие што ќе ја искористат (под)отворената врата, ќе бидат идните членки во следните 10 години.

„Останатите ќе останат во досегашното лимбо: до Европа, но не во неа! Украина, на крајот на годината веројатно ќе ги почне преговорите со ЕУ. Сакале или не, тоа ќе создаде две подгрупи во процесот: држави коишто преговараат и држави коишто чекаат. Очекувањата дека нема потреба за брзање (и онака процесот ќе трае), дека знаат оти повеќе заслужуваме – се погрешни, нереални и опасни. Колку пати сме чуле и кажале дека членството во ЕУ се „одработува“ дома? Колку пати сме коментирале дека вредноста на проширувањето не е само крајната цел, туку: процесот на домашни реформи, градење посилни институции и создавање подобра држава за граѓаните? Колку пати сме се „колнеле“ во копенхашките услови како рецепт за одговорна политика? Безброј пати. За жал, исто толку пати сме се пожалиле дека не успеавме да ги вградиме реформите и проширувањето во позитивна спирала во која тие меѓусебно ќе се хранат и ќе го трансформираат општеството преку: внатрешен консензус, силен реформски порив и ЕУ награди“, вели Радмила Шекеринска.

Таа посочува дека не постои европски потег кој може да ја реши рубиковата коцка што сега е во наши раце.

„Резолуцијата за поддршка на македонскиот идентитет, јазик и култура од германскиот Бундестаг, најавите за сличен документ од Франција, изјавите на ЕУ функционерите дека Бугарија нема да може да го блокира понатаму процесот со други барања, па дури ни неодамнешната нервоза на бугарскиот претседател Радев – очигледно не се доволни за да го сменат ставот на опозицијата, ниту расположението на граѓаните. Според последните анкети, 56% од македонските граѓани се против внесување во Уставот и на бугарската етничка заедница заедно со другите. Дури и во услови на дополнителни гаранции, над 45% од анкетираните остануваат против, додека 36% во тој случај би дале поддршка.

Во магазинот „Предизвици“ на Фондацијата Фридрих Еберт, Шекеринска порачува дека ако најголемата опозициска партија смета дека уставните амандмани се прифатливи доколку се избегне опасноста за континуирани бугарски вета на истите теми, тогаш одложеното стапување во сила на амандманот (што би било проблематизирано од ЕУ) не е единственото решение на маса.

„Владејачките партии можат да излезат со конкретен предлог во кој ќе ја повикаат опозицијата да гласа за уставните измени, а претходно ќе понудат потпишување договор од сите парламентарни партии со кои тие ќе се обврзат да ја ревидираат уставната измена доколку Бугарија продолжи со блокирањето на процесот“, додава Шекеринска.

Потпретседателката на ПЕС Шекеринска истакнува дека не постои нов пристап во ЕУ проширувањето, нова методологија или ревидирани правила кои ќе бидат „спасоносно решение“ во актуелната геополитичка конфронтација.

„Нема трик кој ќе нè спаси од стратешката грешка на почетокот од текстот. Единственото решение е многу напорно и многу едноставно: Западен Балкан и Европската Унија да обезбедат повеќе искреност, поголема мобилизација и подобри резултати. Исполнетиот збор е најмоќното оружје“, потенцира Шекеринска.

Радмила Шекеринска во два мандати беше министерка за одбрана на Северна Македонија (2017-2020, 2020-2022), кога земјата стана 30-та членка на НАТО и постигна целосна воена интеграција со алијансата. Претходно, Шекеринска беше вицепремиерка за европски интеграции (2002-2006), период кога Северна Македонија се стекна со кандидатски статус за членство во Европската Унија. Во четири мандати беше пратеничка во Собранието.

Tags: ЕУЗападен БалканШекеринска
Next Post

Врховен: Државата на Верушевски треба да му исплати по пет илјади денари за секој од 344 дена поминати во притвор во 2015 година

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk