ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бектеши од Вашингтон: Засилените инвестиции во инфраструктурно и енергетско поврзување на регионот се силен позитивен импулс за странските инвеститори

July 12, 2023 20:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за економија

Фото: Министерство за економија

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета во Вашингтон, САД денеска учествуваа на тркалезна маса со експерти и надворешни соработници на Атлантскиот совет во Вашингтон на тема евроинтеграцијата на Северна Македонија, и регионалните состојби и проекти.

Министерот Бектеши пред експертите од Атлансткиот совет истакна дека потпишување на Договорот од Преспа придонесе за зголемување на безбедноста и стабилноста на земјата што е важно не само за Северна Македонија туку за сите земји во регионот. Истакна дека Владата на Северна Македонија е фокусирана на мерки за економското закрепнување и долгорочно подобрување на конкурентноста на земјата, со главен фокус зголемување на привлечноста на странски инвеститори.

-Засилено инвестираме во подобрување на патната и енергетската инфраструктура во земјата. Поддршката од САД како наш стратешки партнер е од големо значење за забрзување на овие процеси.Подобрувањето на регионалната поврзаност и зголемувањето на енергетската независност со диверзификација на изворите на снабдување со енергенси е силен позитивен импулс за странските инвеститори и секако за целокупната економија, рече Бектеши.

Министерот Бектеши на тркалезната маса говореше и за проектите чија реализација е тек, како и идните планови за регионално и меѓународно поврзување, а ги презентираше условите и можностите за реализација на инвестициски проекти во земјата, пред се во делот на зелена енергија и обновливи извори кои ја ппзиционираат земјата како лидер во регионот во делот на енергетската трансформација.

Кажа дека секоја криза, како што беше и енергетката криза треба да се гледа како шанса и можност за целиот регион со што ќе придонесе просперитет за сите граѓани.

Министерот Бектеши информираше дека Северна Македонија засилено работи на енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси, а ги претставни и економските, технолошките и инвестициските потенцијали на нашата земја.

Земјата, како што кажа министерот Бектеши започна инвестиции во делот на инфраструктурата во енергетскиот сектор, а се реализираат големи инвестиции во обновлива енергија кои наскоро ќе доминират во производството на електрична енергија. Овие инвестиции како што истакна министерот се значајни за поврзување и економски раст на целиот регион.

Вицепремиерот Маричиќ се осврна на сите чекори кои ги направи и сеуште ги прави Владата за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во Европската унија.

Јорн Флек виш директор во Атлантскиот совет истакна дека Северна Македонија е позитивен пример и успешна приказна во регионот за стабилност и сигурност што беше постигнато со Договорот од Преспа и со членството во НАТО.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БектешиВашингтонИнвеститори

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk