ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трагови од експлозив пронајдени се на јахта, покажува германската истрага за саботажата на Северен поток

July 12, 2023 11:07
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Германија пронашла траги од подморски експлозив во примероци земени од јахта за кои постои сомневање дека можеби била користена за транспорт на експлозиви во саботажата на гасоводот Северен поток, се наведува во писмото на Германија, Шведска и Данска испратено до Советот за безбедност на Обединетите нации.

Серијата досега необјаснети експлозии во септември минатата година ги прекинаа гасоводите Северен поток 1 и 2, што ги поврзуваат Русија и Германија под Балтичкото Море, во ексклузивните економски зони на Германија, Шведска и Данска.

Секоја земја води посебна истрага и вчера на барање на Русија ги испрати најновите информации. Москва тврди дека не била информирана за напредокот на истрагите.

Ниту една од истрагите не е завршена и сè уште не може да се каже кога ќе бидат завршени. Природата на актите на саботажа е без преседан, а истрагите се сложени, напишаа Германија, Шведска и Данска во заедничкото писмо во кое ги ажурираат информациите за истрагата.

Во заедничкото писмо се наведува дека Германија истражува „сомнителна чартер едрилица“ која била изнајмена на таков начин што „да го прикрие идентитетот на вистинскиот изнајмувач“.

– Се сомнева дека овој брод можеби бил користен за транспорт на експлозиви. Траги од подводни експлозиви се пронајдени во примероците земени од бродот за време на истрагата, се наведува во извештајот на германската истрага.

Се додава дека „според процените на експертите, можно е обучени нуркачи да закачиле експлозив на местата каде што се оштетени гасоводите Северни поток 1 и Северни поток 2, кои се поставени на морското дно на длабочина од околу 70 до 80 метри.

– Во овој момент не е можно со сигурност да се утврди идентитетот на сторителите и нивните мотиви, се наведува во писмото.

Москва тврди дека Западот стои зад експлозиите, додека западните влади негираат вмешаност.

Tags: ГерманијаИстрагаСеверен поток
Next Post
Охрид Фото: Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Македонија ги „пикира“ туристите од Азија

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп: Федералните служби нема да се мешаат во протестите во градови предводени од демократите без барање за помош

February 1, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Стартува „Безбеден град“ – кои прекршоци ќе се детектираат, колку се казните и колкава е толеранцијата

February 1, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: Минимална плата од 600 евра за достоинствен живот на работниците

February 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Тошковски: Зголемен прагот на толеранција за брзината за системот Безбеден град

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Сидни Свини ја редефинира сексуалноста во Холивуд: Ова не е долна облека за мажи, туку моќ за жените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до Мицкоски: Паричките наместо да им ги броите, да им ги дадете на работниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 31 јануари и 1 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 30 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk