ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Стартува „Безбеден град“ – кои прекршоци ќе се детектираат, колку се казните и колкава е толеранцијата

February 1, 2026 06:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото илустрација Фронтлајн

Фото илустрација Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува санкционирањето преку проектот „Безбеден град“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во првата фаза системот ќе детектира четири типични сообраќајни прекршоци – непрописно паркирање, управување со брзина поголема од пропишаната, минување на црвено светло и управување на возило со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола.

Прекршоци и казни

За пречекорување на брзината во населено место, каде дозволената брзина е до 50 километри на час, глобите изнесуваат 15 евра за надминување до 10 километри, 50 евра за надминување од 10 до 30 километри, додека за пречекорување од 30 до 50 километри следува глоба од 300 евра и забрана за управување моторно возило од три до 12 месеци.

Надвор од населено место, глобите се движат од 20 евра за надминување до 30 километри, 50 евра за надминување од 30 до 50 километри, а за надминување од 50 до 70 километри на час следува глоба од 300 евра и забрана за управување од три до 12 месеци.

За минување на црвено светло е предвидена глоба од 250 евра и забрана за управување моторно возило во траење од три до 12 месеци.

Непрописното запирање и паркирање на пешачки премини, крстосници, тротоари, велосипедски патеки, автобуски постојки, зелени површини и места наменети за лица со попреченост се санкционира со глоби од 25, 40, 150 или 180 евра, во зависност од тежината на прекршокот.

За управување со нерегистрирано возило, без важечка сообраќајна дозвола или регистарски таблици, е предвидена глоба од 500 евра, додека ако сообраќајната дозвола е истечена до 30 дена, глобата изнесува 100 евра.

Од МВР информираат дека доколку глобата се плати во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од износот, а во случај на изречена забрана за управување, таа се изрекува во половина од пропишаниот рок.

Инфографик: Фронтлајн

Нови толеранции за брзина

Министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека по бројните реакции од јавноста во почетната фаза на функционирање на системот, биле направени измени во правилникот со кој се регулираат толеранциите за пречекорување на брзината.

„Во изминатиот период имаше голем број забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранција при опоменувањето на граѓаните. Затоа воведовме толеранција во рамки на важечката легислатива“, изјави Тошковски.

Како што појасни министерот, правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со експерти, професори и претставници од двете институции, е изменет и стапи во сила вчера.

Според новите правила:

  • за брзини до 50 км/ч останува толеранција од 6 км/ч

  • за брзини од 50 до 100 км/ч толеранцијата е 9 км/ч

  • за брзини над 100 км/ч толеранцијата изнесува 12 км/ч

„Тоа значи дека ако, на пример, имаме ограничување од 30 км/ч, камерата нема да ве евидентира ако возите до 36 км/ч, туку од 37 км/ч. Ако е дозволено 50 км/ч, системот ќе реагира од 60 км/ч, а кај ограничување од 100 км/ч, санкција следува ако возилото се движи со 113 км/ч“, појасни Тошковски.

Според него, овие толеранции се „апсолутно прифатливи“ и имаат една цел – да се намали бројот на сообраќајни незгоди и жртви.

„Целта не ни е казнување, туку помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди и помалку загуби на човечки животи“, нагласи министерот.

Информативни пораки наместо казни

Тошковски најави и нов проект што ќе се имплементира во наредните денови, со поддршка на Македонски телеком. Станува збор за испраќање информативни пораки до возачите кои ја надминале дозволената брзина, но се движеле во рамките на законската толеранција.

„За прекршоците во рамки на толеранцијата – на пример, од 30 до 36 км/ч или од 50 до 59 км/ч – нема да има парична казна. Наместо тоа, граѓаните ќе добијат информативна порака од МВР, со цел да им го привлечеме вниманието“, изјави Тошковски.

Тој потенцираше дека иако за таквите случаи нема прекршочна одговорност, возачите мора да бидат свесни за можните последици.

„Доколку некој управува возило со 55 км/ч таму каде што е дозволено 50 км/ч и при тоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично“, предупреди министерот.

Ажурирање на податоците

Граѓаните доколку има промена или доколку добиле известување со неточни информации. ќе треба да ги ажурираат своите контакт-податоци поврзани со системот „Безбеден град“,

Како што информира МВР, барањата за промена на податоците може да се поднесат на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје (приземје), кој работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Истата постапка може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила низ државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.

„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а Граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека во новиот систем е воведен и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето на СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе треба преку линк да пристапи до записникот, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се овозможува дополнителна автентикација и проверка на веродостојноста на податоците, со цел лични информации да не бидат доставени на погрешно лице, истакна Тошковски.

Ј. Ѓ.

Tags: „Безбеден град“глобиКумановопрекршоциСкопјеТетово
Next Post
Фото: Скриншот

Трамп: Федералните служби нема да се мешаат во протестите во градови предводени од демократите без барање за помош

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk