ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Ковачевски: Ако граѓаните во општините во струмичкиот регион се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има

July 16, 2023 15:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ВМРО – ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски и негов советник Христијан Мицкоски кој сега е претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потсети премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

-Тие рудници, Иловица, се во изборната програма исто така на ВМРО – ДПМНЕ и за изборите во 2016 година и општините во тоа време раководени од градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ, Босилово и Ново Село носат одлуки за отворање на рудник Иловица за бакар и злато. Во тоа време не постоеше можност во јавноста, во медиумите да се отвори дискусија, бидејќи во тоа време Груевски и неговите советници ги редеа вестите, па никој не можеше да праша за било каква тема која не беше во согласност со програмата на ВМРО-ДПМНЕ и одлуките кои владата ги носеше, кажа Ковачевски.

Според него, граѓаните сега можат да дознаат дека не се работи за никакви нови концесии, туку се работи за концесии одобрени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на странски инвеститор.

-Она што се случува по изборите во 2016 година е јасниот став на СДСМ и на Владата во целина, вклучително и Министерството за економија, дека СДСМ не е за отворање на рудници во струмичкиот регион. Второ, дека се работи за одлуки донесени уште во времето на ВМРО – ДПМНЕ заради кои одлуки државата е сега ставена во судски лавиринти. Се работи за голем број ана судски одлуки од кои дел се во корист на странскиот инвеститор кои што ги има во тоа време добиено концесиите. И Министерството за економија, согласно со тие одлуки кои се носени во судовите, ќе мора да дојдат на следната седница на Влада и да ги презентираат сите одлуки. Она што е интенција на Владата е – прво, било која одлука во делот на отворање на рудник да биде во согласност со очекувањата на граѓаните. Односно, ако граѓаните во општините во струмичкиот регион, односно во југоисточниот плански регион Струмица, Н. Село, Василево, Босилово се против отворање на рудници, тогаш рудници нема да има, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека тоа е различен став од она што го имаше ВМРО-ДПМНЕ.

-И да не заборавиме, кога СДСМ беше против отворање на овие рудници и кога денес е против отворање на овие рудници, ВМРО-ДПМНЕ кога организираше протести каде што кажуваа дека на тој крај му требале рудници бидејќи му требало работа. И може да ве повикам само да ги видите прес – конференциите што ги држеше ЗМЕ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаа да има рудници. Она што Министерството за економија, не велам министерот за економија, туку министерството, бидејќи таму постојат служби кои работат на целата судска постапка која се води во изминатите години мора да носат одлуки кои што прво, ќе го заштитат интересот на граѓаните и државата. Кога велам интересот на граѓаните и државата, да не се дозволи државата во арбитражи да плаќа огромни суми на средства, заради раскинатите концесии кои што Никола Груевски и Х. Мицкоски ги имаат дадено и кога ќе го видам денес Мицкоски да зборува за, против отворање на рудници па прашајте го кој беше шеф на штаб во ИЕ 4 каде што ги доделија концесиите и кој ги напиша тие рудници во програмата на ВМРО – ДПМНЕ. Ако нешто е врв на лицемерие тогаш овие ставови на ВМРО – ДПМНЕ се лицемерие. СДСМ од прв ден бил против тие рудници, СДСМ е и денес против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места. На следната седница на Влада повторно Министерството за економија, со сите документи од 2012 година, бидејќи не се работи само за една судска одлука, заедно со неговите стручни служби ќе ги информира сите министри за понатамошната постапка. Меѓутоа, јасен е ставот и на МЕ и на МЖСПП и на претседателот на Влада дека рудник не може да има ако тоа не го сакаат граѓаните на регионот каде што е дадена таа концесија односно 2 концесии. Концесиите се дадени од страна на ВМРО – ДПМНЕ, а рудници не се отворени благодарение на што Владата на СДСМ води постапка да не се отворат рудници, кажа Ковачевски.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ИловицаКовачевскируднициСДСМСтрумица

НАЈНОВО

ОН предупредуваат дека глобалната побарувачка за минерали ги зголемува криминалот и нестабилноста

May 21, 2025

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа барање од денеска (21 мај), до евентуалното постигнување договор, да бидат отстранети од понатамошно агрегирање на нивните содржини

May 21, 2025
Скриншот

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан

May 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: За час и половина ќе се стигнува до Солун, брзата пруга станува реален проект

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ воведува нов систем на гранциите – ќе важи и за македонските граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Патриотизам е да ѝ даваш на државата мир и соживот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk