Вкупно 1.200 деца се евакуирани од летните кампови загрозени од пожари во близина на крајбрежното летувалиште Лутраки во близина на Атина, соопштија грчките власти.
Два пожара избувнаа источно и западно од Атина, додека еден од нив, неконтролиран и поттикнат од силен ветер, избувна во ридовите во близина на градот Куварас, 50 километри источно и се прошири кон брегот на Атина, пишува Би Би Си.
Грчката агенција АНА јави дека вториот пожар избувнал во близина на приморското одморалиште Лутраки. Автопатот кон Пелопонез е затворен и превентивно е наложена евакуација.
Атинската РТВ Скај објави дека ангажирани се вкупно 150 пожарникари со шест групи пешадиски одделенија, од кои 31 романски пожарникар, 40 противпожарни возила, додека од воздух дејствуваат седум противпожарни авиони и четири хеликоптери, од кои еден е за воздушна координација.
Дополнително, волонтерите на противпожарната служба и волонтерски групи за цивилна заштита имаат голем број камиони-цистерни во зоната на пожарите
Г. Т.