ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕК издаде препораки за избегнување на недостиг на антибиотици претстојнава зима

July 18, 2023 13:20
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија и Европската агенција за лекови (ЕМА) издадоа препораки за мерки и активности со цел да се избегне недостиг на антибиотици што се користат за лекување на респираторни инфекции во текот на претстојната зимска сезона.

– Расположливите податоци сугерираат дека ако побарувачката во следната зимска сезона е слична на просечното ниво на потрошувачка во претходните години, понудата на клучните орални антибиотици за респираторни инфекции ќе ја покрива побарувачката во ЕУ во претстојната зима, посочуваа Европската комисија, додавајќи дека заедно со ЕМА и Европската здравствена организација за подготвеност и реакција при итни случаи (ХЕРА) ќе продолжат да работат на зголемување на понудата на некои интравенски антибиотици.

Препораките и мерките, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, вклучуваат зголемено производството на клучните антибиотици, постојано следење на нивната понуда и побарувачката и зголемување на јавната свест и внимателна употреба на антбиотиците.

– За да се избегне недостигот во претстојната есенска и зимска сезона, ЕМА и ХЕРА препорачуваат зголемување на производството. Раната акција пред есенската и зимската сезона треба да им даде доволно време на производителите да се осигураат дека имаат доволен производствен капацитет за да ги задоволат потребите, посочува ЕК.

Комисијата додава дека заедно со ЕМА и земјите членки на ЕУ ќе продолжат да го следат трендот на побарувачката и понудата на антибиотици.

– Со оглед на тоа што преземените мерки се дизајнирани да обезбедат доволно снабдување, сите засегнати страни се потсетуваат да нарачуваат лекови како и обично, без потреба од складирање. Складирањето лекови може дополнително да ги оптовари резервите и да предизвика или да го влоши недостигот, се додава во соопштението.

Европската комисија апелира и за внимателна употреба на антибиотиците со цел да се одржи нивната ефикасност и да се избегне антимикробна резистенција.

– Антибиотиците треба да се препишуваат само за лекување на бактериски инфекции. Тие не се погодни за лекување на вирусни инфекции, како настинка и грип, каде што не се ефикасни, посочува ЕК, препорачувајќи и кампањи за подигање на свеста на граѓаните и за нивно информирање за користењето на антибиотици.

Од Комисијата додаваат дека ќе продолжат внимателно да ја следат побарувачката и понудата на антибиотици за навремено да откријат какви било неочекувани недостатоци на залихи и да ги преземат сите неопходни мерки, вклучително, доколку е потребно, и организирање заеднички набавки.

Прашањето за набавката на антибиотици за престојната зима ќе биде и една од темите на средбата на Управниот одбор на ХЕРА со претставници на министерствата за здравство на земјите членки, на Европската комисијата и на фармацевстката индустрија закажана за в четврток.

Tags: антибиотициЕУмерки
Next Post
Фото: МИА

Воведена делумна забрана за движење во шума во период од 06.00 до 20.00 часот

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk