Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(40) и 37-годишната З.С., двајцата од гостиварското село Неготино.
Како што информира МВР, Б.С. и З.С. претходно биле пријавени од 35-годишна жителка на гостиварска Топлица дека извршиле кражба во нејзината куќа. Тие биле ангажирани за чистење и средување на внатрешните простории.
Кај лицата било пронајдено одземеното и било вратено на сопствениците. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.