ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Крај на огромните камати и драстично намалување на трошоците за брзи кредити

July 18, 2023 20:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска ги усвои измените на Законот за облигациони односи, како и Законот за извршување со кои повеќе нема да може каматата да биде повисока од долгот, соопшти владејачката партија.

Овие измени кои доаѓаат по бројни реакции од граѓаните до пратениците, ќе овозможат кога износот на стасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, таа да престане да тече.

Го прекинуваме т.н. “должничко ропство“, односно со усвоените законски измени драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити. Со усвоените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот. Со ова ја прекинуваме праксата со која за кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари, се додава во соопштението.

Дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.

Според СДСМ, со ваквиот потег се штитат граѓаните и се става крај на праксата тие да плаќаат и до 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле, како што тоа беше случај често пати досега.

Исто така, по 30 години лицата со посебни потреби целосно се ослободуваат од партиципација во јавните здравствени институции.

Пратениците од ДПМНЕ и Левица кои секојдневно глумат загриженост за граѓаните, не гласаа за овие законски измени и уште еднаш како и многу пати до сега се ставија на спротивната страна од интересите на граѓаните.

Tags: Брзи кредитиИзмениКаматинамалувањепарламентарно мнозинствотрошоциусвоени
Next Post
Фото: foreignpolicy.com

Македонска фирма меѓу четири странски компании кои САД ги додадоа на листата на ентитети за злонамерни кибер активности

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk