ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Западот за повлекувањето на Русија од договорот за жито: Путин направи огромна грешка, ова е сериозна ескалација

July 18, 2023 18:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин направил огромна грешка со повлекувањето од важниот договор за жито. Зборувајќи денеска пред новинарите во Брисел, Макрон истакна дека со учеството во договорот, Русија преземала огромна одговорност кон многу земји, објави агенцијата Анадолија.

Африканските земји, Блискиот Исток, дури и азиските земји се многу зависни од овој договор. За оние кои сè уште се сомневаа во искреноста и посветеноста на Путин за општото добро, одговорот е многу јасен – тој одлучи да ја претвори храната во оружје, рече Макрон, додавајќи дека станува збор за огромна грешка.

Тој нагласи дека Франција има одговорност да го олесни извозот на жито и ѓубрива како дел од земјоделската иницијатива што ја започна минатата година за поддршка на земјите кои се борат со проблеми со безбедноста на храната, пишува Си-Ен-Ен.

Одлуката на Русија да се повлече од договорот за извоз на жито од Црното Море поддржан од ОН претставува „ескалација на користењето на гладот ​​како оружје“, соопшти денеска Канада, осудувајќи го повлекувањето на Москва од пактот.

Во соопштението, канадската Влада наведе дека „ова е сериозна ескалација на употребата на гладот ​​како оружје од страна на Руската Федерација, која претходно ја попречуваше работата на Црноморската иницијатива за жито (БСГИ). Канада ја повикува Руската Федерација веднаш да го обнови своето учество во договорот со цел да се избегнат дополнителни шокови за глобалните системи за храна, што се веќе оптоварени од нејзината агресивна војна против Украина“.

Русија во текот на ноќта лансираше серија беспилотни летала и ракети кон црноморските пристаништа од каде се извезуваат огромни количества жито на светските пазари. Нападите се случија неколку часа откако пропадна црноморскиот договор за жито, а Русија на полноќ се повлече од договорот за гарантирање безбеден коридор за украинскиот извоз на жито.

Шефот на германската дипломатија ја обвини Русија дека фигуративно истрелала проектили врз гладните луѓе ширум светот со напад на украинското пристаниште Одеса.

Г. Т.

Tags: ДоговоржитоЗападостра реакцијаповлекувањеРусија
Next Post

Потпишан Општиот колективен договор, 130 илјади вработени во јавниот сектор од септември со 10 отсто повисоки плати

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk