ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Гжелчик: Неповторлив е моментумот за европерспективите, гласна и силна поддршка од Полска за следниот чекор

July 19, 2023 14:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Кшиштоф Гжелчик, новоименуваниот амбасадор на Република Полска во земјава.

Премиерот Ковачевски посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Гжелчик и нагласи дека овогодинешното одбележување на 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Полска јасно ги одразува големото пријателство и меѓусебната соработка, што е во фаза на унапредување.

На средбата е оценето дека македонско-полските односи се цврсто поставени на позитивен развоен колосек, Полска е 12-ти трговски партнер на Северна Македонија и ја продлабочуваме економската соработка, со потенцијали и во енергетскиот сектор, земјоделството, полицијата, образованието и културата.

„Полска е наш важен партнер во НАТО, ОН и еден од најгласните поддржувачи на нашата интеграција во ЕУ. Го цениме активизмот на Полска, преку пријателите на Групата за проширување на ЕУ и сме благодарни за континуираната полска поддршка за досието на Северна Македонија во ЕУ. Тоа што Полска стои зад европските интеграции на нашата држава, со разбирање и почитување на македонските стратешки и идентитетски позиции и цели е дополнителен ветар во грб да продолжиме по европскиот пат, до полноправното членство”, рече премиерот Ковачевски.

На состанокот е нагласена силната поддршка од Полска за претстојниот чекор во евроинтеграциите, со цел забрзан интегративен процес и полноправно членство на Северна Македонија во Унијата, во следните неколку години.

Искажано е јасно очекување дека сите политички субјекти во нашата држава го препознаваат неповторливиот моментум за постигнување на европската цел и дека пратениците во Парламентот ќе дадат глас за Европа. Посебно што треба да се има предвид дека Европската Унија повеќе од кога било е посветена на ново проширување, со земјите од Западен Балкан, поттикната од геополитичките случувања со војната во Украина.

Tags: ГжелчикевроперспективиКовачевски
Next Post

Првото гласање за уставните измени ќе биде на 18 август, Комисијата за уставни прашања ќе заседава од 25 јули

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk