Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје вчера го привеле А.М.(44) од Скопје.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом во с.Волково, скопско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.