ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Експлицитно е утврдено дека средствата од данокот за солидарност ќе се користат за антикризни мерки

July 24, 2023 15:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Финансирање антикризни мерки за справување со кризата е основната карактеристика на Данокот за солидарност, кој не е општ и неговата намена е за да се финансираат антикризни мерки во буџетот и истиот е дискутиран на јавна расправа со сите засегнати страни, порача министерот за финансии Фатмир Бесими во Собранието на седница на Комисијата за европски прашања, каде ова законско решение е на дневен ред.

„Она што го прави специфичен овој данок, кој е вонреден, еднократен, е што тој не е неутрален, општ данок како другите системски даноци кои го финансираат буџетот, туку точно се знае намената и затоа средствата се наменети во програмата П1, за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки кои се поврзани со кризата. Тоа е дефинирано и во Законот за извршување на буџети и тука со цел да биде поексплицитно дека се работи за средства што ќе одат за поддршка на антикризни мерки и потранспарентно со цел да се знае каде ќе се трошат овие средства”, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека аспектот на солидарност на овој данок е и едно од начелата од Уставот, член 8 и член 33 од Уставот каде се дефинира принципот на солидарност и дека сите граѓани и правни субјекти се должни да ги плаќаат јавните давачки утврдени со закон.

Министерот потенцира дека токму заради таа солидарна карактеристика на овој закон тој доби поддршка во процесот на подготовка во кој беа вклучени сите засегнати страни и бизнис заедницата. Како што посочи минатата година во декември се организираше јавна расправа во неколу наврати на која присуствуваше и бизнис заедницата која даде свои предлози кои беа прифатени и се составен дел од Предлог-законот кој е во Собранието.

Тој додаде дека покрај широките консултации, креирањето на ова решение е согласно регулативата на Советот на ЕУ 2022/1854, која е искористена и од другите земји членки на ЕУ, како Хрватска и Унгарија, каде што полрај енергетските се опфатени и други сектори.

„Со ова се дава една основа солидарно да се поддржи Буџетот од кој во овие 3 години од ковид-кризата па наваму скоро 2 милијарди евра се потрошени за таа намена. Кога ЕУ оваа година ни додели 80 милиони евра грант и 100 милиони евра буџетска поддршка по поволни каматни стапки важно е и ние како земја да покажеме респонзивност на ефектите од кризата. Затоа сметам дека овој закон кој е вонреден и еднократен се однесува токму за таа намена да се даде поддршка во овие услови кога финансиските пазари се толку скапи и да не ги оптоваруваме идните генерации со заем и со камати кога можеме вака на начин комунициран претходно да се поддржи стопанството, односно мерки за мали и средни претпријатија и граѓаните кои по неколку основи се поддржани во однос на енергетската криза. Така на пример само по основ на примената на повластените стапки на ДДВ-то кај електричната енергија за домаќинставата се дадени 70 милионии евра”, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Tags: БесимиДанок на солидарностСобрание
Next Post

Распишана меѓународна потерница по поранешниот албански вицепремиер Арбен Ахметај

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk