ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костовски: Јавноста се увери дека измените се технички и нема идентитетски прашања

July 25, 2023 19:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Мартин Костовски

Мартин Костовски

Share on FacebookShare on Twitter

Дојде и тој историски ден во Собранието, историски ден бидејќи значи почеток на носење историски одлуки, во овој случај почеток на постапка за промена на Уставот во Собранието, кажа пратеникот на СДСМ Мартин Костовски на седницата на Комисијата за уставни прашања.

Со ова почнаа да се одбројуваат деновите до оној ден кога ќе престанат сите погледи цврсти и тешки зборови, а ние пратениците ќе ја определиме судбината на оваа држава. Очите на јавноста ќе бидат вперени во мониторот што ќе покаже колкумина од 120 пратеници гласале за продолжување на европскиот пат, за остварување на нашата втора стратешка цел – по членството во НАТО, тоа е членство во ЕУ. За посакуваната стратешка цел, членство во ЕУ искрено посакувам да бидат сите, рече Костовски.

Според него, откако предложените измени се јавно објавени, сега целата јавност може да се увери дека станува збор повеќе за технички измени, со кои што се унапредува Уставот и не се загрозува ништо, ниту едно идентитетско прашање, а истовремено овие измени го забрзуваат процесот за членство во ЕУ.

Интервенциите се однесуваат на додавањето од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава. Односно, во формулацијата: ”Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите”, по зборот бошњачкиот народ се става запирка и се додава:”бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ”. Овие измени се во духот на Крушевскиот манифест, во духот на АСНОМ ,Охридскиот договор и се подготвени од страна на работната група составена од експерти, докажани професори и неколку универзитети во државата, како и представници на политичките партии, и истите се едногласно усвоени, кажа Костовски.

Пратеникот додаде дека предлогот е изработен врз основа на заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија донесени на седницата на 16.07.2022година.

Сигурно се сеќавате на овој датум, но и на деновите пред него кога овде до нас, во пленарната сала од некои колеги се кажаа безброј лаги, безброј шпекулации и безброј манипулации за македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската посебност, за настани и личности поврзани со македонската историја и што уште не. Лага до лага, манипулација до манипулација, шпекулација до шпекулација. Но почитувани колеги вистината, вистината на крај победува. Затоа како што овој Европскиот предлог и заклучоците усвоени по него, обезбедија заштита на македонскиот јазик и идентитет и почеток на преговорите со ЕУ, така предлог измените на Уставот ќе обезбедат дополнителна потврда на македонскиот идентитет и забрзан процес на интеграција во ЕУ. ЕУ е нашата единствена алтернатива. Токму затоа уставните измени се чекор напред на европскиот пат, со што по членството во НАТО ќе ја оствариме и втората стратешка цел, полноправно членство во ЕУ, до 2030. Оваа шанса што ја имаме пред нас не смееме да ја пропуштиме. Сметам дека поголемиот број пратеници во собранието ја гледаат европската перспектива како вистинската, најдобра перспектива за државата и за граѓаните. Ние многу пати и претходно и минатата година кога го почнавме овој процес со нашите сериозни намери, зборувавме дека работиме забрзано, но не избрзано. Тоа е и така. Затоа не брзавме во сите овие чекори кои ги правевме изминатиот период. Сите средби, состаноци и пораки ги слушнавме навистина многу внимателно. Ги имавме и ги имаме во предвид нашите државни позиции, но и ги согледувавме геополитичките случувања. Носевме и носиме одлуки за сигурна македонска индина, за иднина на сите македонски граѓани овде дома, не во странство. Носевме и носиме одлуки не за дневнополитички поени туку за обезбедување сигурна иднина, истакна Костовски.

Tags: ЕУКомисија за уставни прашањаКостовскиМакедонијашанса
Next Post

МОН: Учениците ќе користат пролетен распуст од 29 април до 5 мај, а учебната година ќе трае до 17 јуни

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Мотив, Крушево

Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

April 18, 2026

Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

April 17, 2026

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскопот со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk