ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скендер Реџепи – Зејд, независен пратеник: Имам резерви за успехот на „опозициски блок“ на Касами, Меџити и Гаши

July 25, 2023 13:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот пратеник Скендер Реџепи Зејд вели дека тој и неговите подржувачи сè уште не одлучиле дали ќе се приклучат на некоја политичка групација или не. Тој во изјава за Фронтлајн вели дека ќе ја донесе одлуката дали ќе влезе или не во некоја политичка комбинација заедно со своите подржувачи и граѓаните.

„ Соработката на различни политички субјекти е од демократска природа. Има многу фактори кои ја прават успешна политичката соработка, како што се политичките цели, структурниот опсег и подготвеноста за евентуални компромиси. Така, познавајќи ги некои во овој блок, имам резерви за нивниот успех, бидејќи во овој блок веќе има луѓе кои за своите клански интереси се во состојба да ги жртвуваат заедничките и општите интереси на граѓаните. Што се однесува до мојот став, сè уште сме на средби со граѓани од различни краеви и наскоро планираме овие средби да ги претвориме во таканаречен „граѓански конгрес“ на кој ќе ја донесеме конечната одлука за идното политичко патување, изјави Реџепи за Фронтлајн, зборувајќи за опозицискиот блок на Касами, Меџити и Гаши.

Откако лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, иницијаторот за формирање на партијата „Демократско движење“, поранешниот потпретседател и пратеник на ДУИ – Изет Меџити и претседателот на Алтернативата – Африм Гаши, ја официјализираа соработката во опозициски блок, заменик-претседателот на БЕСА, Арјанит Хоџаве, пратеникот Басри Бајрами и Валон Бела од огранокот на Чаир на оваа партија се оградува од политичкото дејствување во таканаречениот „опозициски блок“.

„Почитувани активисти, поддржувачи, симпатизери и сите вие кои во овие години бевте сопатници на нашето политичко патување. Дозволете ми преку оваа објава да Ве информирам дека од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ оценувајќи дека главните актери, носители на оваа иницијатива немаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои недалеку од денес, беа токму актери за одржување на актуелната власт на Албанците и ја спречија ротацијата во таборот на Албанците. За деталите околу политичките убедувања и луѓето кои делат исто политичко мислење со мене, ќе Ве информираме преку јавен настап во текот на оваа недела“, напиша Хоџа на Фејсбук.

И пратеникот на Движењето БЕСА, Бастри Бајрами најави дека ќе работи заедно со Хоџа, и дека го дели истото мислење.

Ова е трет последователен обид за обединување на албанската опозиција во пресрет на парламентарните избори, кои имаат иста цел – да ја испратат ДУИ во опозиција. Првата беше во 2011 година, кога ДПА и НДП на Руфи Османи се обидоа да се здружат за да победат на изборите. Вториот обид се случи во 2016 година, кога Зиадин Села од ДР-ДПА, Весел Мемеди од НДП и Гезим Острени од УНИТЕТИ се здружија да победат на парламентарните избори. Дали оваа компресија на опозицијата ќе биде „трета, вистината“, ќе покажат следните парламентарни избори, закажани да се одржат во септември 2024 година.

Дестан Јонузи

Tags: опозициски блокСкендер Реџепи
Next Post

Студентите по медицина во Албанија побараа од претседателот Бегај да не го потпишува законот за нив и се заканија со бојкот на наставата

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комисија за култура на СДСМ: Љутков се кити со туѓи перја во Стоби додека удира врз колективниот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk