ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Валканиот „танц“ на Вагнер на белоруско – полската граница може да го вовлечат Западот во војна со Русија

July 25, 2023 14:44
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Откако без да наведе никакви докази, рускиот претседател обвини дека Полска сонува да заземе делови од Украина и Белорусија кои претходно биле под нејзин домен и ја предупреди Полска дека секој напад врз Белорусија ќе го смета за напад врз Русија, Александар Лукашенко, белорускиот претседател, набрзо потоа излезе со тврдење дека платениците од Вагнер, улогорени во неговата земја, се очајни да ја нападнат Полска, а тој прави сé за да спречи платеници да ја преминат границата со соседната земја.

„Како што можеме да видиме, теренот се подготвува“, изјави Лукашенко.

Полска испрати дополнителни војници на својата граница и одблиску ги надгледува борците на Вагнер откако тие се преселија во Белорусија на почетокот на овој месец. Аналитичарите предупредуваат дека Кремљ можеби поставува инцидент со „лажно знаме“ за да го оправда нападот врз Полска.

Впрочем, така почна и Втората светска војна, кога нацистите, на 31 август 1939 година, преправени како полски саботери лажирале напад на радио станица во Глајвиц, германски град на полската границата, а телата на убиени затвореници облечени во полска воена униформа ги остави пред станицата за да создаде впечаток дека Полска стои зад нападот, и сметајќи на неодлучноста на западните сојузнициоткако, го искористија како причина за нападот врз Полска, откако предходно веќе ги анектираше Австрија и Судетската област во тогашна Чехословачка.

Затворениците во германскиот концентрационен логор биле убиени со смртоносна инјекција пред да бидат застрелани во лицето, за да не може да се идентификуваат, а потоа биле облечени во униформи на полската армија за да изгледаат како саботери.

84 години подоцна, регионот повторно станува терен за воени игри, додека платениците на Вагнер ги обучуваат белоруските специјални сили на границата со Полска.

Во неделата, белоруската невладина организација „Проект Хајун“, објави дека 10-тата колона платеници на Вагнер влегла во земјата. Се наведува дека во колоната имало 10 возила, вклучувајќи камиони и миникомби.

The 10th convoy of PMC Wagner arrived in Belarus on a new route this morning. There are at least 10 vehicles in the convoy: a KamAZ truck, several vans (Bukhanka), a Volkswagen Transporter minibus and at least 6 trucks.
1/3 pic.twitter.com/IQqSYYubob

— Belarusian Hajun project (@Hajun_BY) July 23, 2023

Се разбира, целта на таквата акција не би била освојување на Полска – тие едноставно ги немаат бројките. Но, тие можат да предизвикаат хаос и да ги прошират тековните конфликти, како што прават на друго место во светот, предупредува Хамиш де Бретон – Гордон во анализата објавена на Телеграф.

Низ целиот свет, стратегијата на Вагнер Групацијата беше да го направи најнеочекуваното и најсрамното за да постигне краткорочни цели. Во Африка, таа испрати мали единици да ограбуваат територии и ефективно да ги заробат нивните влади. Во Русија, таа испрати сили кои маршираа во Москва во неуспешен бунт. Дали е толку незамисливо дека може да собере мала сила за да ја премине границата во Полска?

Релативно малку се слуша во последно време за шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин по неговиот бунт против Путин. Фактот дека тој не сака да копа сол на Урал или да „одмара’ два метри под почвата на Москва, и го избегна најавеното апсење, само ја нагласува слабата позиција во која сега се наоѓа рускиот претседател, што, исто така, ја отвора вратата за обидот на Пригожин да се врати назад во руската политика.

Путин, исто така, знае дека групата Вагнер сè уште има голема воена моќ, со голема мотивација да преземе екстремни мерки. Платениците стануваат длабоко незадоволни гледајќи ги украинските сили како напредуваат брзиот напредок во Бахмут, град освоен со крвта на Вагнер. Таа битка, која траеше 10 месеци мелење во жестоки борби; неспособноста на редовната руска армија сега би можела да ја врати назад за околу 10 недели. Во комбинација со желбата на Пригожин да си го врати сопствениот статус, тензиите што доведоа до маршот кон Москва се подготвени повторно да зовријат. Овој пат, наместо да сврти кон исток, Вагнер би можел да сврти кон запад.

Секој напад врз Полска би бил осуден на неуспех. Силите на Вагнер во Белорусија се чини дека бројат неколку илјади платеници, опремени со лесно оружје и без тенкови или тешка артилерија. Тие не би биле никаква закана за огромната полска армија, која се модернизираше и се прошири во последниве години со стотици тенкови. Ако тргнат во отпад без соодветна противвоздушна одбрана или сопствени борбени авиони, платениците на Вагнер би биле седечки патки дури и за најлесните воздушни сили.

Но, таквите факти нема да го засегаат Пригожин. Тој би ги испратил своите луѓе на колење, како што направи во Украина, за непосредна лична корист. Веројатно ќе гледа со радост како ѕвони алармот во седиштето на НАТО, каде што ќе се разгледува декларацијата од член 5. Дури и оваа перспектива е ефективно оружје: Путин ќе биде желен да ги запре таквите планови пред кошмарното сценарио да стане реалност.

Тоа е игра со високи влогови, но тоа е сè што Пригожин разбира. Како што згаснува контролата на Путин врз власта, раздвоените групи што произлегоа од неговото претседателствување само ќе станат понепромислени. Ризикот за Западот е дека има катастрофална погрешна комуникација, што предизвикува Пригожин да тргне на пробив и да премине во Полска.

Наједноставниот начин да се избегне ова сценарио е да се обезбеди украинската победа, што порано пред да стане предоцна. НАТО треба да го вооружи Кијив, а потоа да гледа како шакалите во Москва се јадат меѓусебно.

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: белорусијаВагнерНАТОПолскаруска агресија врз Украина

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk