ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Концесијата за експлоатација во Иловица ја одобрува Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година

July 28, 2023 15:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето за експлоатација на рудникот во Иловица, што се случува во 2011 година, кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, пишува градска.мк. Тогаш, Министерството за економија ги побарало потребните позитивни мислења за отворање на рудниците.

Во име на Министерството за животна средина позитивно одговорил Филип Иванов, тогаш директор на Упрвата за животна средина. Бидејќи било неопходно и мислење од Министерството за култура, односно Управата за заштита на културно наследство, позитивно мислење потпишал и Паско Кузман.За барањето за експлоатација двапати позитивно се изјаснил и министерот за земјоделие Љупчо Димоски, еднаш за шумите еднаш за земјоделското земјиште. Позитивно мислење дал и Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски, а позитивно се изјасниле и од Општина Босилово, каде градоначалник бил Љупчо Колев и претседател на совет Никола Милчев, исто од ВМРО-ДПМНЕ.

По добиените позитивни мислења од сите институции на седница на Владата, која ја преводел поранешниот вицепремиер Зоран Ставрески била донесена одлука за концесија за експлоатација, а по објавената одлука бил потпишан и договор со концесионерот за концесија за експлоатација на Иловица. По носењето одлука за првата концесија, Владата тогаш објавила јавен повик и за втората концесија. За да го објави повикот за геолошки истражувања за втората, поголема концесија, Министерството за економија обезбедило позитивни мислења од Министерството за животна средина, Министерството за култура, Министерството за земјоделие, Министерството за транспорт и врски, водостопанство и од општините.

На позитивните мислења од овие институции се потпишале тогашните нивни директори и министри – Паско Кузман како директор на Упрвата за заштита на културно наследство, Филип Иванов, директор на Упрвата за животна средина, заменик-министерот за транспорт и врски Горан Михајловски, министерот за земјоделие Љупчо Димовски и директорот на Упрвата за водостопанство Методија Томески.

На наддавањето за концесијата победила истата компанија „Фелпс доџ“, а Владата со потпис на Зоран Ставрески им одобрила да вршат геолошки истражувања и за втората концесија, односно на целиот регион.

Во втората фаза, односно за барањето за експлоатација за ова втора концесија, позитивни мислења потпишале тогашниот министер за земјоделие Михаил Цветков, министерот за животна средина Нурхан Изаири, радоначалниците на Босилово и Ново Село, Љупчо Колев и Блажо Велков, тогашниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, директорот на Упрвата за заштита на културно наследство Виктор Адамс и в.д. директорот на Заводот и Музеј – Струмица, Зоран Рујак.

Концесијата за експлоатација е одобрена од Владата на само два дена пред нова година во 2015 година и е потпишана од страна на Никола Груевски. Договорот за експлоатација го потпишал тогашниот министер за економија Беким Незири.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЕксплоатацијаИловица
Next Post

Приведен насилник од Синѓелиќ, се заканувал и оштетил возила

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk