ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски на Конгрес на МАЕИ: Активно придонесувате за подигање на свесноста за македонскиот идентитет

July 29, 2023 13:53
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската алијанса за европска интеграција придонесува кон континуираното подигање на свеста за посебниот македонски идентитет – позиција изградена низ децениите заеднички соживот, добрососедство, солидарност и уважување како реален респектабилен доказ како треба да се гради и развива граѓанското општество, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на четвртиот Конгрес на оваа политичка партија во Корча, Албанија, на покана од претседателот Васил Стерјовски.

Според Спасовски, Македонската алијанса за европска интеграција, создадена во 2004 година во Тирана како прва и единствена македонска партија во Албанија што ќе се грижи за положбата и правата на Македонците во оваа држава, создава традиција на активно политичко делување, ширејќи го духот на пријателството и зближувањето меѓу двете држави.

-Македонската алијанса за европска интеграција се изродила како производ на соработката на претставниците на бројни македонските здруженија кои активно работат во Албанија, како што се Заедницата на Македонците во Албанија, Политичкото друштво МИР од Тирана, Друштвото Преспа од Пустец, Македонско-Егејското друштво МЕД од Врбник и Друштвото Гора од Кукс, при што е востановена и основната цел на оваа партија, а тоа е зачувување на правата, социјалните, политичките и етнокултурните интереси на сите државјани на Албанија кои по националност се Македонци, кои се идентификуваат преку мајчиниот македонски јазик, преку обичаите и традициите наследени и зачувани со векови, посочи Спасовски.

Спасовски истакна дека е големо значењето на Македонската алијанса за европска интеграција имајќи предвид, како што посочи, дека таа ја негува и соработката меѓу заедниците кои живеат во Република Албанија, преку почитување на нивните етнички, јазични и културни права, паралелно грижејќи се за зачувување на најбитните белези на Македонците во Албанија, а тоа без сомнение се националната припадност, културата, обичаите, традицијата, јазикот, фолклорот и друго.

-На тој начин, вие активно придонесувате за континуирано подигање на свесноста за посебниот македонски идентитет – позиција изградена низ децениите заеднички соживот, добрососедство исполнето со лојалност, меѓусебна почит, добронамерност, солидарност и уважување, како реален респектабилен доказ како треба да се гради и развива граѓанското општество. Оттука и нашата безрезервна поддршка кон сите вас, затоа што континуирано придонесувате во негувањето на таа шареноликост, а што е уште поважно – во градењето на заедништвото кое влечејќи корени од минатото, сѐ појасно ја зацртува нашата заедничка европска иднина. Ние остануваме и понатаму отворени за што поактивна соработка со вас, изнаоѓање решенија за предизвиците со кои се соочувате, користејќи ги сите расположливи механизми, како што се нашите средби за време на моите посети на Албанија, заедничките седници на Владите на Северна Македонија и Албанија, кои претставуваат можност за иницирање на решенија за проблемите на македонската заедница во Албанија, но и придобивките кои ќе ги овозможи Отворен Балкан со понатамошна реализација на предвидените активности, заклучи Спасовски.

Tags: Конгрес на МАЕИСпасовски
Next Post

Експертските групи од МНР на Северна Македонија и на Бугарија се состанале во Софија, следниот состанок во Скопје

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk