ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ахмети игра „џандар збира“ со Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ треба да дејствува во интерес на државата и општеството

July 31, 2023 12:49
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Условните оставки на министрите и функционерите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) адресирани до премиерот Димитар Ковачевски за познавачите на политичките окoлности во земјава се обид, меѓу другото, интегративците да се наметнат како државничка партија чиј партиски интерес би се нашол во сенка на националниот.

Ваквиот чекор на ДУИ се коментираше и од другите политички партии во земјава, а привлече интерес и кај медиумите во регионот, вклучително и бугарските.

Иво Рангеловиќ
Иво Рангеловиќ

„Ваквиот потег на ДУИ е обид, меѓу другото, да се наметне како државничка партија чиј партиски интерес би се нашол во сенка на националниот. Сепак, алузијата е во фактот што при евентуално гласање на уставните измени од страна на опозицијата, веднаш би се одело на избори, такашто оставката на министрите од ДУИ би била практично безначајна. Сметам дека е недоволен обид на фрлање ракавица кон опозицијата, конкретно ВМРО-ДПМНЕ, како и литмусов тест за останатите албански партии во поглед на некакво обединување во име на европската перспектива на државава, вели во изјава за Фронтлајн“, политичкиот аналитичар, Иво Ранѓеловиќ.

Дритон Зенку
Дритон Зенку

Новинарот и коментатор на политичките прилики во земјава, Дритон Зенку за Фронтлајн вели дека оваа одлука на ДУИ говори за коезистентентноста по одлуките што ги донел. Според него, сега на ред е опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се одрази во интерес на државата и општеството.

„Ништо ново. ДУИ претходно се изрази за ваква одлука, а сега ја спроведуваше. Овој потек од партијата на Али Ахмети, беше како одговор на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе гласа за уставните измени под услов ДУИ да излезе од владата. Во овој случај ВМРО-ДПМНЕ ретерираше од претходната одлука, додека ДУИ практично го имплементира својата одлука. Во политиката се прават вакви маневри, но во принцип добро е политичките субјекти да стојат зад своите одлуки“, нагласи Зенку.

Фронтлајн побара став и од Алијансата за Албанците по изјавите на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, дека очекува да поднесат оставки од Владата и другите коалициски партнерите од партиите на Албанците, доколку ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени.

АА
АА

Од партијата на Арбен Таравари велат дека Алијанса е автономна партија и одлуките ги носи во своите структури.

„Алијанса е автономна партија и одлуките ги носи во свои структури, почитувајќи ја само волјата на членството и граѓаните“.

Артан Груби
Артан Груби

Првиот вицепремиер и висок партиски функционер на ДУИ, Артан Груби, за косовската Т7 изјавил дека одлуката за оставка била добро осмислена за да се олесни патот на Северна Македонија кон Европската унија.

„Тоа не е одлука донесена во момент, таа е добро осмислена одлука. Пред два месеци имаше услов од Христијан Мицкоски да го прифатиме предизвикот, бидејќи тој сака моноетничка влада и нема таков проблем да ги прифати Бугарите во Уставот. Го доставивме писменото барање за наши оставки, само македонската опозиција да гласа за уставните измени и Македонија да го продолжи патот кон ЕУ“, вели Груби.

СДСМ
СДСМ

Од владеачката СДСМ велат дека откако се исполнети сите услови на Христијан Мицкоски, сега тој е на потег, да одлучи дали е за ЕУ или за изолација.

„Мицкоски треба да донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. Глас за ЕУ или изолација“.

Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени.

Али Ахмети
Али Ахмети

Одлуката за условните оставки на министрите од ДУИ, Али Ахмети ја соопшти од средбата што во неделата ја имаше со дијаспората во Тетово.

„Големите одлуки бараат политичка, национална и државна одговорност и жртвување од секој од нас“, нгалси Ахмети.

Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, подвлече Ахмети, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИоставки

НАЈНОВО

Без вода утре неколку улици во Карпош

June 4, 2025
Фото: Скриншот

Маск го нарече даночниот закон на Трамп „одвратна гнасотија“

June 4, 2025
Генерирано со ВИ

ЕК: Бугарија ги исполнува критериумите за приклучување кон еврозоната во јануари 2026 година

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Популарната теорија за судбината на нашата галаксија можеби е погрешна, велат астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат туторски пристап кон Албанците?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатите на Ратко Младиќ бараат судот во Хаг итно да го ослободи бидејќи се ближи кон крајот на животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk