Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денес ги прими копиите акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер.
Министерот Османи посакувајќи му добредојде и успешна дипломатска мисија на новиот Амбасадор, истакна дека очекува поблиска соработка, како и изрази задоволство од одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со активен политички дијалог на највисоко ниво, што претставува потврда за определбата и интересот на двете држави за натамошно зајакнување на односите и во економската сфера.
Амбасадорот Памер ја реафирмира позицијата на недвосмислена поддршка на Австрија за нашиот евро-интегративен процес, поздравувајќи ја сеопфатната реформска агенда на Владата на Северна Македонија со акцент на актуелните предизвици во земјата.
На средбата стана збор и за соработката во контекст на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, со акцент на успешното функционирање на Организацијата, како и за предизвиците во однос на руската агресија врз Украина.