ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Светски политичари со писмо до ЕУ и САД за несоодветниот однос кон Србија; балканскиот пироман Вучиќ; Европол отвори истрага за 1000 албански функционери корисници на СКАЈ

August 7, 2023 13:07
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европски, американски и британски политичари и експерти упатија писмен повик до ЕУ, САД и Британија за поостар пристап кон Србија во однос на Косово, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, ЕУРОПОЛ отвори истрага за 1000 функционери корисници на контроверзната апликација СКАЈ.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Телеграфи: Странски политичари испратија писмо до ЕУ, САД и Британија – бараат поостар пристап кон Србија во однос на Косово

Германски „Тагесшпигел“ излезе со статија во која пишува дека западните политичари повикале на реакција на дестабилизирачките тенденции на Србија, пренесува Телеграфи.

„Обидите на Србија да ги наруши демократските избори во Косово мора јавно да бидат осудени како странско мешање и мора да се преземат конкретни активности за да се бара одговорност од Србија доколку продолжи да ги поткопува слободните и фер избори“, се наведува во писмото на политичките експерти  до високиот претставник на ЕУ за За надворешни работи, Џозеп Борел, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Писмото го потпишаа и претседателот на комисијата за надворешна политика на Бундестагот, Михаел Рот од СПД и американскиот сенатор Боб Менендез, како министрите за надворешна политика на Велика Британија, Чешка, Украина, Ирска, Естонија и Литванија.

Коха: Името на балканскиот пироман е Александар Вучиќ

„Германскиот магазин „Дер Шпигел“ жестоко го критикува српскиот претседател за автократските тенденции во неговата земја и деструктивната улога во Косово, Црна Гора и Босна. Додека Вучиќ го поткопува мирот во регионот, Западот е премногу толерантен. Особено Мирослав Лајчак молчи за пропагандата на Вучиќ, пишува еден магазин од Хамбург.“, пренесува Коха.

Радио Косова е Лире -Едвард Џозеф: Украина е блиску до признавање на независноста на Косово

„Писмо потпишано од претседателите на парламентарните комисии за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство и други земји, но на кое се приклучи и Олександр Мережко, претседател на Комисијата за надворешни работи на Украина, земја која сè уште не го признала Косово како држава предизвика реакции. Американскиот професор од универзитетот „Џон Хопкинс“, Едвард Џозеф, смета дека со овој чин на Мережком, дел од партијата на претседателот Зеленски, Украина се приближила до признавање на Косово. Преку објава на Твитер, Џозеф рече дека меѓу имињата потпишани во ова писмо, најважното е од Украина.“, пренесува Радио Косова е Лире.

АЛБАНИЈА

Еуроњуз: Европол истражува 1000 албански службеници како корисници на апликацијата SKY

„Адвокатот Крешник Спахиу во интервју за Еуроњуз Албанија изјави дека околу 30 отсто од корисниците на апликацијата СКАЈ, веќе прогласена за нелегална, се Албанци.

Тој рече дека меѓу корисниците 8000 од нив се Албанци кои престојуваат во Албанија, а за околу 1000 се зборува дека се високи функционери.

Спахиу рече дека Европол формирал специјални истражни групи во Албанија и дека може да имаме апсења на службеници кои ја користеле оваа апликација.“, пренесува Еуроњуз.

РТШ: Албанија и Италија постигнаа договор за признавање на пензиите , со бенефит 500 илјади албански имигранти

„Албанија и Италија постигнаа договор за признавање на пензиите на Албанците кои живеат во Италија. Како резултат на тоа, околу 500 илјади албански имигранти кои живеат и работат во соседната земја ќе имаат корист од признавањето на пензискиот систем меѓу двете земји.

Со овој договор ќе бидат опфатени старосните пензии, осигурувањето за боледување, породилно и осигурување од невработеност.“, пренесе РТШ.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Колку повеќе политичари на телевизија, толку повеќе има корупција

Случајот со поранешниот вицепремиер Ахметај и корупцијата што му се „закачува“,  покажува дека дел од нашите министри го користат шоуто како средство за да ја покажат разликата во отчетноста пред јавноста. И повеќе од тоа корисноста на мноштвото закони кои се создаваат и создаваат бескрајно за политичарите да најдат заштита, додека јавноста е изгубена во нивната џунгла. Затоа, се случува да се потребни случаи како оној на актерот Фуга, или убиства и тепања како оние на племето на социјалистичкиот пратеник во Круја, за да се откријат синџири на проблеми во нашето општество. „Колку е покорумпирана државата, толку побројни се законите“, напиша Тацит еднаш во „Аналите на римската Империја“, пишува Бен Андони во колумната „Колку повеќе политичари на телевизија, толку повеќе има корупција“, објавена во Јава Њуз.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Џабир Дерала

Линии со код, реки од крв

May 19, 2025

Мицкоски: Таравари одлучи да се приклучи на блокот на криминалот

May 19, 2025
Фото: Општина Гевгелија

Во завршна фаза е изградбата на улицата „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk