ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал за влијанието на војната во Украина врз шверцот на гориво во Југоисточна Европа

August 8, 2023 14:45
in PMD, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Глобланата Иницијатива против Транснационалниот Организиран Криминал (ГИ-ТОК) објави нова анализа, во која се истражува влијанието на војната во Украина врз шверцот на гориво во Југоисточна Европа. Насловот на публикацијата е „Гориво за потпалување на огнот“ во која се повлекуваат паралели меѓу шверцот со гориво меѓу минатите конфликти во поранешна Југославија и сегашниот во Украина.

Шверцот со гориво, длабоко вкоренета илегална трговија што се одвива на Балканот повеќе од три децении, е предизвик за економијата и безбедноста на регионот.

Во 2022 година запленети се повеќе од 3.000 тони нелегално гориво во вредност од 4,3 милиони евра, што е речиси четири пати повеќе отколку во 2021 година. Но, ова е само врвот на ледениот брег. На пример, буџетот на Бугарија потенцијално изгубил 250 милиони евра на нелегалниот пазар на гориво само во 2019 година, според новиот извештај на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал.

Поради руската инвазија на Украина и изборната криза во Либија во 2022 година, беше воведено ембарго за увоз на нафта од овие земји. Во извештајот се вели дека овие случувања потсетуваат на нелегалните текови на гориво на Балканот во 1990-тите, особено за време на санкциите што ја погодија тогашна Сојузна Република Југославија.

„Степенот на шверц на гориво на Балканот е намален од 1990-тите, но илегалната трговија сè уште продолжува и опстојува, преку Дунав и Средоземното Море преку пристаништето Драч. Тековниот конфликт во Украина претставува потенцијален ризик за шверцот на руски сурова нафта низ Црното Море“, вели Саша Ѓорѓевиќ, автор на извештајот.

Најавената забрана за увоз на руска сурова нафта во Бугарија во 2024 година би можела да ја пренасочи илегалната трговија со гориво на Балканот.

„Бугарија, Романија, Албанија и Србија може да се појават како идни жаришта на шверц на гориво. Пристаништата како Бургас, Констанц и Драч би можеле да послужат како влезни точки за шверцерски операции на Балканот, поврзувајќи се со постоечките рути долж Дунав. Само во Србија има речиси 40 погодни места за шверц на гориво“, објаснува Ѓорѓевиќ.

Во извештајот се нагласува дека со шверцот на гориво на Балканот се справува мешавина на криминални мрежи и странски актери кои работат преку границите.

„Поврзани лица од различни националности формираат криминални мрежи кои оперираат преку границите, користејќи различни рути, пред сè, на Дунав и Медитеранот, за нелегални активности. Нивниот фокус е на транспортот, дистрибуцијата и нелегалната продажба на гориво“, вели Ѓорѓевиќ.

Во извештајот се заклучува дека ова укажува на потребата од регионална соработка и заеднички напори за ефикасна борба против шверцот со гориво.

Преземено: Цивил Медиа

ЛИНК до публикацијата

Tags: горивоорганизиран криминалшверц
Next Post

Царинската управа заплени 184 обврзници со вредност од 92 милиона долари

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk