ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Маричиќ: Користењето на ИПА фондовите клучно за забрзување на реформите и регионалниот развој

August 8, 2023 13:26
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија.

Како што напиша тој, според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е Пелагонискиот регион со вкупно 79.163.058,15 евра. Следуваат Скопскиот регион со 44.959.852,53 евра, Југоисточниот регион со 42.353.627,60 евра, па Источниот кој има 37.079.873,71 евра, во Североисточен регион 34.418.739,01 евра, во Југозападен регион 31.171.375,34 и 29.044.517,85 евра во Полошкиот регион.

-Граѓаните на земјите членки на ЕУ со тоа покажуваат за степенот на свест и желба за придонес кон земјите кандидати за влез во Европската Унија. Одговорноста и детерминираноста која ја покажуваат нашите европски стратешки партнери треба да се сфатат сериозно. Преземањето одговорност од наша страна е и еден од најважните чекори за успешна реализација на евроинтегративниот процес, а тој се реализира преку свесно превземање на обврските и фокусирана работа од наша страна, стои во објавата на вицепремиерот.

Според Маричиќ, сè зависи од нас, од нашите капацитети. Тој е убеден дека „заеднички, ја имаме моќта да ја трансформираме оваа држава во уште поубаво место за живеење со помош и соработка на сите земји членки на Унијата“.

-Нашата цел е комплетна евроинтеграција, влевање на уште поголеми средства за подобрување на животот во нашата држава во сите сектори, економијата, енергетиката, животната средина, образованието, трудот и социјалната политика, културата, дигитализацијата на општеството и се тоа во една безбедна, регулирана и легално систематизирана средина, напиша тој.

Вицепремиерот и Национален ИПА координатор Маричиќ во објавата посочува дека фондовите и средствата кои се инвестирани во Северна Македонија доаѓаат од сите земји членки на ЕУ, пари кои се влеваат во фондовите директно од плаќањето на даноците во Унијата.

Tags: Бојан МаричиќЕУИПА
Next Post

Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk