Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
– Извини, морам да те прашам нешто. Свесен ли си дека ставањето на Бугарите во Уставот е всушност во наша полза, дури и никогаш да не влеземе во ЕУ?
– Свесен сум!
– А дека би ни се отворил патот за зачленување во ЕУ и дека би се создале услови за лесен пристап до значајни парични фондови на ЕУ?
– И за тоа сум свесен!
– А тоа дека сега е многу погоден момент за Македонија, за брзо зачленување во ЕУ?
– Јасно ми е и тоа!
– А јасно ли ти е дека постои голем ризик да ја изгубиме поддршката од САД и Европа и да западнеме во изолација, со многу опасна неизвесност за нас?
– Се разбира дека да. Знам дека многу лесно може да се случи тоа!
– И ова сакам да те прашам. Дали знаеш дека со внесување на Бугарите во нашиот Устав паѓа во вода нивната теза дека сме еден ист народ во две различни држави?
– Па нормално дека знам!
– Добро бре човече… Ако знаеш дека за Македонија е добро да ги направиме уставните измени и дека од тоа зависи иднината на Македонија, зошто тогаш им даваш поддршка на тие што се против?
– Да ти кажам право, разочаран сум од СДСМ. Ги изневерија моите очекувања и ич не ги сакам!
– Аха!
Текстот е личен став на Авторот.