Побрзиот проток на стоки и услуги во рамки на Отворен Балкан не значи само Србија и Албанија во земјава повластено да влегуваат, тоа значи истото и за наши компании во Србија и Албанија, вели директорот на Царинската управа, Стефан Богоев во интервју за ТВ21.
Тоа значи реципроцитет, тоа што важи за српските и албанските компании да дојдат тука по поволни и едноставни процедури важи и за македонските компании во Србија и Албанија. Тоа е едниот аспект. И оттука не сметам дека никако Отворен Балкан може нешто да загрози. Отворен Балкан е за да помогне на нашите компании да бидат поконкурентни, да бидат поголеми пазари, да имаат поголеми профити и да вработуваат повеќе луѓе и да даваат повисоки плати. Тоа е целта на Отворен Балкан, кажа Богоев.
На забелешките од месната индустрија, Богоев одговори:
-Поради Отворен Балкан има финален месен производ да речеме од Србија, доаѓа со помали давачки, односно се плаќа ДДВ во Македонија, додека од друга страна нашите компании за да преработат месо, да внесат месо за преработка, од други земји плаќаат повисоки царини. Тука е проблемот. Меѓутоа има и друга страна има и домашни производители на месо кои реагираат зошто да биде поволно увезувањето на месо за натамошна преработка, што ќе му правиме ние на нашето месо што го произведуваме тука. Царинската управа спроведува закони, не носи закони. Ние ги спроведуваме и сме должни да ги спроведуваме законите.