ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Медиумите во Албанија и Косово се еднострани; криминалот во Косово е во пораст поради фокусот на северот; Србија „чува“ 1247 косовски музејски експонати

August 9, 2023 12:19
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во студија за состојбите на медиумите во Албанија и Косово, под авторство на Линдита Цамај,  професорка  по новинарство на Факултетот за комуникации на Универзитетот во Хјустон, се наведува дека освен што медиумите во Албанија се еднострани, главните тешкотии  на новинарите е во пристапот до информации и официјални документи.

Владата на Косово и таа на Србија се судрија на социјалните мрежи во врска со косовските експонати кои српската држава ги чува 24 години. Додека Министерството за култура на Косово ја продолжува кампањата со барање за враќање на експонатите кои Србија ги држи во заложништво со кршење на меѓународните конвенции, Министерството за култура на Србија шири обвинувања дека српските цркви и манастири на Косово се во опасност, пишуваат косовските медиуми.

Ова се само дел од темите на редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

Глас на Америка – Студија: Состојбата на медиумите во Албанија и Косово се влошени

Состојбата на медиумите во Албанија и Косово се влоши во последниве години, изјави во интервју за Гласот на Америка Линдита Цамај, професорка по новинарство на Факултетот за комуникации на Универзитетот во Хјустон, која спроведува студија за состојбата со медиумите во овие две земји.

Меѓу главните проблеми таа ги наведува тешкотиите на новинарите во пристапот до информации и официјални документи.

„Во нашето истражување гледаме како националните телевизии во Албанија ги пренесуваат вечерните вести. Две третини од вестите во Албанија имаат извор и се еднострани, што е повеќе или помалку алармантно“, вели таа, пренесува Глас на Америка.

Газета Експрес – Експерт за безбедност: Се зголемува криминалот поради концентрацијата на институциите во северните општини

Експертот за безбедносни прашања Бејтуш Гаши оценува дека секторот за јавна безбедност во земјава опаѓа поради големата концентрација на безбедносни институции во четирите општини на северот на Косово.

Тој посочи  дека ангажманот на север го намалил ангажманот во другите делови на земјата.

„Секторот за јавна безбедност опаѓа затоа што моменталната концентрација на министерството, полицијата, е во четирите општини на северот и во тој поглед е занемарена посветеноста на одговорностите и обврските што оваа институција ги има во другите делови на државата. . Како резултат на тоа, измените што се направени одат во насока на намалување на оперативниот дел и физичкото присуство на полицајците на терен и зголемување на бројот на бирократи или функционери кои седат на столчиња. Додадени се 32 директори, формирана е поделба на специјални единици во ресорот, сите овие измени, односно зголемувањето на структурата на функционерите кои остануваат во функција го намалува бројот на функционери кои служат на терен“, нагласи Гаши, пренесе Газета Експрес.

Коха: Косово и Србија се судрија на социјалните мрежи за 1247-те експонати држени  во Белград

„Владата на Косово и таа на Србија се судрија на социјалните мрежи во врска со косовските експонати кои српската држава ги чува 24 години. Додека Министерството за култура на Косово ја продолжува кампањата со барање за враќање на експонатите кои Србија ги држи во заложништво со кршење на меѓународните конвенции, Министерството за култура на Србија шири обвинувања дека српските цркви и манастири на Косово се во опасност.

Во рамките на кампањата што започна пред неколку месеци, МКРС преку фотографија на „Твитер“ повика на враќање на археолошкото и етнографското богатство, објавувајќи слика од стадо откриено во археолошкиот локалитет Улпијана.“, пренесува Коха.

КУЛТУРА

Јава Њуз: Полифонијата на Ѓирокастро привлекува се повеќе туристи

„Исо (полифонија)  на калдрма“ е насловена активноста што ја организира општина Ѓирокастро со која пред љубителите на уметноста и туристите се презентираат вредностите на традицијата и народните песни.

Секој викенд во август по улиците со калдрма  на карактеристичната чаршија ќе настапуваат полифонични пеачки групи, привлекувајќи ги и туристите кои го посетуваат градот.

Сега вредностите на традицијата и фолклорот се сметаат како најпосебен елемент за промоција на туризмот, пренесува Јава Њуз.

КОЛУМНА

Ина: Северна Македонија и проевропските и проруските навивачи

„Неколку настани влијаеја на радикализацијата на македонските десничарски екстремисти и нивните проруски чувства насочени против НАТО и ЕУ. Тешките односи со Грција (кои влијаеа на членството во НАТО) траеја до 2018 година, додека односите со Бугарија влијаеа на процесот за членство во ЕУ во 2020 година. Еден етнички македонски десничарски екстремист има силни антиалбански, антигрчки, антибугарски чувства, а понекогаш и анти- српски, додека албански десничарски екстремист,  има силни антимакедонски и антисрпски чувства. Само неонацистичките групи се поборници на антисемитизмот. Македонската екстремна десница има тенденции да се „спои“со религијата. Некои маргинални организации, како што е Христијанското братство, промовираат насилство преку симболи и користат милитантна реторика и говор на омраза.“, пишува меѓу другото авторот Селадин Џезаири во колумната Северна Македонија и проевропските и проруските навивачи објавена во Ина.

Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

July 8, 2025

Зошто се извини Мицкоски?

July 8, 2025

Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk