ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Успехот е во обединетоста и одлучноста за членство во ЕУ, не е време за партиски изговори

August 9, 2023 15:14
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ за Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината на државата и граѓаните.

-Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по патот на целосно трансформирање на македонското општество, пишува на Фејсбук вицепремиерот.

Маричиќ овој момент го гледа како историски за евроинтеграцијата на Северна Македонија и смета дека процесите добиваат на успех и вредност ако ги валоризираме во вистинско време.

-Сега не е време за политички надмудрувања и изговори. Убеден сум дека ќе сведочиме за нов брз напредок кон ЕУ и успех во постигнувањето на врвните стратешки приоритети и национални интереси, вели Маричиќ.

Во објавата Маричиќ вели дека „овој Манифест не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ, туку е и потврда за нашата национална решителност да изградиме подобра, обединета и светла иднина за Северна Македонија“. За него сега е најважно сите да застанат на иста страна  и со посветеност и единство да продолжат преговорите со ЕУ, оставајќи ги настрана политичките разлики да демонстрираат искрена намера за членство во ЕУ.

-Водени од заедничката визија што ги надминува партиските граници, поединци, пратеници, сите политички партии да ја потврдат искрената намера за ЕУ и да работиме неуморно за исполнување на аспирациите на нашиот народ и за обезбедување на нашето место во Европската Унија, порачува Маричиќ.

Целата објава во продолжение:

„Нов повик и можност за обединување на сите политички лидери за ЕУ и преговори за полноправно членство во ЕУ. Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по патот на целосно трансформирање на македонското општество.

Водени од заедничката визија што ги надминува партиските граници, поединци, пратеници, сите политички партии да ја потврдат искрената намера за ЕУ и да работиме неуморно за исполнување на аспирациите на нашиот народ и за обезбедување на нашето место во Европската Унија.

Овој Манифест не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ, туку е и потврда за нашата национална решителност да изградиме подобра, обединета и светла иднина за Северна Македонија.

Да застанеме сите на иста страна и со посветеност и единство да ги продолжиме и забрзаме преговорите со ЕУ. Сите политички партии застануваат на иста линија и оставајќи ги настрана своите разлики создаваат обединет фронт, демонстрирајќи дека членство во ЕУ е заедничка цел што ги надминува политичките разлики.

Сега не е време за политички надмудрувања и изговори. Процесите добиваат на успех и вредност ако се валоризираат во вистинско време. Убеден сум дека ќе сведочиме за нов брз напредок кон ЕУ и успех во постигнувањето на врвните стратешки приоритети и национални интереси.“

Tags: ЕУМанифестМаричиќ
Next Post
Image: Marco Gulla/AFP/Getty Images

Во бродолом во близина на Лампедуза загинаа 41 мигрант

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk