Американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Канал 5 вели дека ЕУ беше кристално јасна и нагласува дека лажна вест е дека е можен подобар договор и дека некој може да репреговара нов договор.
„Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси“, изјави амбасадорката Агелер.
Таа беше директна и јасно ги дисквалификува тврдењата дека е можен нов и подобар договор.
„Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вести. Исто така, лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле“, рече американската амбасадорка.
Агелер нагласи дека тоа се пораките кои дојдоа и од Брисел и од делегацијата на ЕУ во земјава. Притоа, таа нагласи дека политичарите треба да работат за интересите на граѓаните, наместо да бидат заглавени во историски прашања и контексти.
„Амбадорот на ЕУ овде во Скопје Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да бидат заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија“, изјави Агелер.
Според неа, ЕУ е местото каде што се наоѓаат можностите за економски раст, образование, социјална благосостојба, трговија и многу други можности.
„И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки“, рече амбасадорката Агелер.
Ј. Ѓ.