Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се заблагодари на Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за поддршката за Украина и приклучувањето кон Декларацијата на Г7.
I am grateful to North Macedonia for joining the G7 Declaration in support of security guarantees for Ukraine and becoming the 15th country to do so. I appreciate Prime Minister Dimitar Kovačevski’s @DKovachevski personal efforts to strengthen our countries’ partnership 🇺🇦🇲🇰
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 15, 2023
Благодарен сум на Северна Македонија што се приклучи кон Декларацијата на Г7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и што стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји Украина и Северна Наледонија, напиша Зеленски на Твитер.
Како што предходно објави Цивил Медиа, земјите од Г7 во саботата објавија безбедносна рамка која го отвора патот за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да ја одбрани земјата од Русија и да ја одврати од можна идна агресија,
Во зедничката декларација на лидерите на Г7 се наведува дека од 12 август ќе започнат преговорите со Кијив за официјализирање на постојаната поддршка на членките на Г7 за Украина и дека тоа ќе вклучува поддршка за понатамошен развој на украинската одбранбена индустрија, обука на украинските сили, размена на разузнавачки информации и поддршка во одбраната на сајбер просторот.
Покрај тоа, членките на Г7 ќе работат на зајакнување на економската стабилност и отпорност на Украина, што вклучува обнова и закрепнување на земјата по агресијата. Истовремено, на Украина ќе и биде овозможена техничка и финансиска поддршка за сегашните потреби, поради руската инвазија, но и ќе и се овозможи да продолжи со спроведувањето на реформите.
Во декларацијата се наведува дека земјите од Г7 ја повикуваат Русија на одговорност и дека воените и другите злосторства не смеат да останат неказнети.
Во согласност со нашите правни системи, рускиот суверен имот под наша јурисдикција ќе остане недвижен додека Русија не ја плати штетата што и ја нанела на Украина, се вели во документот, додавајќи дека е неопходно да се воспостави меѓународен механизам за репарација на штети, загуби или повреди предизвикани од руската агресија.
За возврат, Украина ќе продолжи да спроведува судски, економски, безбедносни реформи, како и реформи во борбата против корупцијата, што ќе покаже дека Киев е посветен на демократијата, владеењето на правото, почитувањето на човековите права и слободата на медиумите.
Покрај тоа, Кијив ќе работи на одбранбената реформа и модернизација, која вклучува подобрување на ефикасноста и транспарентноста во украинскиот одбранбен сектор.
Ние, лидерите на Групата седум, ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се одбрани од руската агресија, се вели во Декларацијата.
Во декларацијата уште се додава дека безбедноста на Украина е составен дел од безбедноста на евроатлантскиот регион.
Д. Мишев / ЦивилМедиа