Од Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, во писмена изјава за порталот indeks.mk, велат дека не гледаат за неопходно да ја коментираат посетата на премиерот на Косово, Албин Курти на Скопје и Тетово пред неколку дена, бидејќи како што велат: „настаните ги видовме како бескорисни“.
– Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме на коментар во Амбасадата на САД во Приштина, велат од амбасадата за indeks.mk.
Посетата на премиерот Курти предизвика многу реакции во домашната и регионалната јавност, а се оценува дека надворешни агенди го користат овој момент за да го иритираат и да му наштетат на процесот на уставни измени кај нас.
Инаку, последната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје и Тетово е оценета како приватна.
И кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски ја оцени како „приватна“ посета.
Д. Ј.