Петмина познати бугарски политичари добија заштита од Службата за национална безбедност (НСС) поради заканите од Руската Федерација, објави Бугарското национално радио повикувајќи се на сопсвтвени извори, пренесува украинскиот јавен сервис Суспилне.
Причина за ваквата одлука биле заканите од „странски служби“. Според извори на БНР, заканите доаѓаат од руски служби и структури поврзани со Русија.
Првите закани дојдоа минатата недела. Тогаш Меѓуресорската комисија, во која членуваа шефот на Советот за национална безбедност и главниот секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, донесе одлука за назначување на безбедносни службеници.
Копретседателот на пратеничката група „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ и поранешен премиер Кирил Петков потврди дека има обезбедување, но не даде повеќе информации.
Други политичари, особено копретседателот на групата „Демократи за силна Бугарија“, Атанас Атанасов, одбија да коментираат по ова прашање.
Партијата „Да, Бугарија“ соопшти дека нејзиниот лидер Христо Иванов, кој е меѓу лицата на кои им се заканувале, се уште не користел обезбедување.
НСО одби да коментира на темата, тврдејќи дека станува збор за доверливи информации.
На 19 јули, Окружното обвинителство на Софија (Бугарија) приведе и поднесе обвинение против 39-годишен маж кој се заканувал дека ќе го убие министерот за одбрана Тодор Тагарев.
Подготви: Д. Мишев / ЦивилМедиа