ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Дезинформациите внесуваат поделби, недоверба и паника меѓу граѓаните, се спротивставуваме со проактивност, отвореност и транспарентност

August 19, 2023 12:19
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА направи опширно интервју со вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, на 17 август, во кое стана збор за клучните теми и политички процеси поврзани со македонскиот пат кон ЕУ, за придобивките и за тешките задачи што мора да се исполнат во тој процес. Тој одговори на прашања поврзани со потребата од уставни измени, како и за блокадите на процесот кои ги поставува опозицијата.

Во контекст на заложбите и значајниот придонес кој го дава ЦИВИЛ и медиумската платформа на организацијата, неизбежни беа прашањата што се однесуваат на дезинформациите и пропагандата која се служи со националистички наративи, чија цел е попречување на евроинтеграцискиот процес на земјата.

Што прави владата? 

На прашањето што прави владата за да се соочи со овие предизвици и дали тоа е доволно, вицепремиерот не крие дека „дезинформациите и националистичките наративи се сериозен проблем со кој се соочуваме не само ние, туку и целиот регион.“

„Јасно е дека, поради геополитичката поставеност, ние сме држава која трпи странски влијанија на медиумската сцена, која има плодно тло за дезинформации и медиумски манипулации. Сведоци бевме на сите случувања поврзани со т.н. Француски предлог и дезинформациите кои и денес ги слушаме за Преговарачката рамка и евроинтеграцијата“, изјави Маричиќ за ЦИВИЛ МЕДИА.

Затоа, како што вели вицепремиерот за европски прашања, владата воспостави стратешки пристап и посветува многу внимание во оваа област. Тој вели дека владата на дезинформациите им се спротивставува со проактивност, отвореност и транспарентност. Но признава и дека е потребно да се направи уште многу.

„Овој предизвик бара стратешки пристап и многу внимание и како Влада на дезинформациите им се спротивставуваме со проактивност, отвореност и транспарентност во комуникацијата за нашето работење. Соработуваме и со организациите што се занимаваат со оваа тематика и низ проекти постигнати се значајни резултати во оваа област, но потребно е да се направи уште многу“, рече вицепремиерот Маричиќ.

Што прави граѓанскиот сектор?

Владата, вели Маричиќ, ја препознава работата на неколку реномирани граѓански организации и медиуми кои континуирано и несебично се залагаат да ги идентификуваат и разобличуваат дезинформациите. Воедно, тој ја истакна и важноста на поддршката од НАТО и меѓународните донатори.

„Во борбата против дезинформациите, нашата земја добива значајна поддршка од НАТО и веруваме дека и поддршката на меѓународните донатори може да помогне на медиумите и граѓанските организации во зајакнувањето на своите капацитети за борба против дезинформациите, бидејќи тие се главните актери и клучни играчи за успехот во оваа борба“, изјави вицепремиерот Маричиќ во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

Главни дезинформации и пропагандни наративи…

Во своите одговори, вицепремиерот Маричиќ, издвои неколку дезинформации и пропагандни наративи кои го потресуваат и поларизираат македонското општество.

„Конкретно, дезинформациите за евроинтеграцијата на Северна Македонија, дека не се започнати преговорите со ЕУ, дека Францускиот предлог е обид за бугаризација, дека сме го изгубиле идентитетот и јазикот, направија големи поделби во македонското општеството, внесоа недоверба и несигурност во процесот, но и паника меѓу граѓаните“, рече Маричиќ во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

… а кои се фактите?

Но тие дезинформации и лажни наративи се веќе разобличени по сите основи. Маричиќ наведе дел од нив и нагласи дека во овој момент најмалку што ни треба се „ дезинформации, кои имаат за цел да создадат атмосфера на страв и хаос, за постигнување геополитички и внатрешни политички цели.“

„Станавме членка на НАТО, ги започнавме преговорите со ЕУ, како Македонци, со заштитен македонски јазик и идентитет, имаме отворена можност да напредуваме брзо во процесот и да станеме членка на ЕУ со наредното проширување, кое во моментот се дефинира во Унијата и сега, кога постои ваков политички моментум најмалку ни требаат лажни вести и дезинформации, кои имаат за цел да создадат атмосфера на страв и хаос, за постигнување геополитички и внатрешни политички цели“, рече Маричиќ.

Последици и решенија

Според вицепремиерот за европски прашања, дезинформациите и националистичките наративи штетно ќе влијаат на општествените и политичките процеси, „особено во време на вакви глобални превирања.“

„Мислам дека е неопходно целото општество да биде свесно за сериозноста на проблемот и последиците и да се создаде една широка социјална група која одговорно ќе пристапи во надминување на овој предизвик“, повика вицепремиерот Маричиќ во интервју за ЦИВИЛ МЕДИА.

Останува заклучокот дека дезинформациите и пропагандата кои најчесто се служат со националистички наративи и предизвикување поделби, страв и несигурност во општеството, остануваат огромен предизвик во кој не е доволно да се вклучи само институциите, туку и целото општество, во сите сегменти.

Џ. Дерала

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дезинформациинационалистички наративипропагандастрански влијанија
Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

На патот кон ЕУ: Поставени се здрави фундаменти во јавните финансии и функционална пазарна економија

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk