ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: ВМРО и претходно ширеше хистерија, па кога дојде на власт не ја смени територијалната поделба

August 20, 2023 19:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија кажа дека утре ќе има формален состанок со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, а дел од темите ќе бидат и уставните измени.

Процесот започна со 70 гласови „за“ дневниот ред, а имаме 73 гласови иако некои сакаа да биде помалку. Стана јасно дека СДСМ и европската коалиција се за продолжување на евроинтеграцијата, а опозицијата е за блокада на патот на Северна Македонија во ЕУ. Исто како што беше против зачленувањето во НАТО. Поминавме процес на уставни измени и сега сме горди што сме земја членка на НАТО, особено кога се води војна на континтентот, изјави Ковачевски.

Прашан за тоа што ќе направи СДСМ за да ја убеди опозицијата да ги поддржи уставните измени, премиерот одговори:

Вие знаете дека ова е прашање кое е од стратешки интерес и за Северна Македонија и за ЕУ, како никогаш досега. И тоа во светло на геополитичките случувања кои се случија во Европа по војната во Украина. Знаете дека тоа е едно од прашањата кои се високо на агендата и на САД. Не случајно тука беше еден од нивните најеминентни сенатори, г. Марфи, потоа имав средба со државниот секретар Блинкен и не случајно и претседателот на ЕК и на ЕС и голем број на претседатели и премиери имаа говори во нашето Собранието. Што значи дека се работи за заеднички, стратешки интерес како ретко кога досега. Првпат досега се случува ветото за нашата држава да не доаѓа од надвор, туку од внатре, и од внатре од истите луѓе од кои секогаш имало блокади. Само да ве потсетам, 2008 година ние можевме да имаме решение со Грција, меѓутоа тогашната влада на ВМРО – ДПМНЕ реши дека не треба да има. Влезе во бесконечни избори во кои пред секој ветуваше и на странците и дома дека сега ќе направеле компромис, за да на крај добиеме решение кое е полошо од тоа што можевме да го имаме во 2008 година. Сега она што го гледаме е потполно исто – дајте ни власт, па ние ќе ви кажеме какво решение ќе имаме. Ќе ве потсетам на територијалната поделба. Кога беше поделбата на дневен ред, истото тоа ВМРО – ДПМНЕ правеше референдуми, правеше хистерија во општеството, дајте ни власт и ќе ја смениме територијалната поделба. Ја сменија? Не ја сменија, објасни Ковачевски.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКовачевскиСителуставни изменихистерија
Next Post

Тренчевска: Како министер никогаш нема да ја доведам во прашање стабилноста на пензискиот фонд

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk