ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата

August 21, 2023 12:39
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот на кој што се презентираше публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија”. Публикацијата е издадена во рамки на проектот „Gender Equality Facility – Советодавни услуги за вклучување на родовата перспектива за администрацијата на Северна Македонија на централно ниво”, финансиски поддржан од Шведска, кој се спроведува од UN Women во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Министерство за труд и социјална политика.

„Концептот на еднакви можности ги означува еднаквите можности на жените и мажите како и еднаквиот пристап до ресурси и подеднакво право на учество во општествениот и во политичкиот живот” посочи Тренчевска во своето обраќање.

Министерката истакна дека еднаквите можности на мажите и жените во Република Северна Македонија се регулирани со Уставот како највисок правен акт, кој е гаранција за превенција и заштита на основните човекови права и фундаментални слободи.

„Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија. Родовата еднаквост е дел од Програмата за работа на Владата 2020-2023 и исто така е обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година како на национално така и на локално ниво” истакна министерката.

Тренчевска на крај ги посочи и придобивките од публикацијата каде се сумирани сите статистички податоци и рече дека токму податоците кои ја составуваат содржината на публикацијата даваат насока по која треба да се движат институциите и организациите при решавање на прашањата поврзани со родовата еднаквости.

Tags: МТСПродова еднаквостТренчевска
Next Post

Просечната нето-плата во јуни 36.527 денари

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk