ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Со донацијата на техничка опрема за Граничната полиција се потврдува континуитетот на соработката со САД

August 22, 2023 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со донацијата на „боди камерите“ од Амбасадата на САД, кои се наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи, како и на двете специјализирани возила за откривање на радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар ЈУГ, а другото за Регионалниот центар СЕВЕР, дополнително се зголемува квалитетот и ефикасноста во работењето на македонската полиција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, кој со амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер беше во посета на граничниот премин „Богородица”.

Тој потенцираше дека Владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје е најсилниот партнер и соработник во делот на интегрираното гранично управување низ низа на програми и проекти кои заеднички се интегрирани.

-Овде сме на ГП „Богородица“ да се увериме на терен како дејствува македонската полиција со поддршка од Амбасадата на САД преку вредна донација на техничка опрема за потребите на Граничната полиција, а пред се во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата. Радува фактот што се потврдува тој континуитет во нашето цврсто стратешко партнерство и соработка што ја имаме меѓу Северна Македонија и САД, рече Спасовски.

Тој додаде дека употребата на боди камерите не само во граничната полиција, туку и во сообраќајната полиција претставува извонредна алатка за борба против корупцијата во институцијата, меѓутоа и за поинакво, понормално и подостоинствено постапување и на полициските службеници и на граѓаните, заради тоа што се менува односот на комуникацијата меѓу граѓаните и полициските службеници.

Како што посочи, во рамки на оваа област, за шест месеци се откриени 49 кривични дела од областа на корупцијата. Меѓутоа, се забележува намалување на кривична дела до 22 проценти во однос на минатата година.

-Ефикасноста на полицијата се зголемува, меѓутоа бројот на случаи коишто се во делот на корупцијата се намалува и за ова треба навистина енергична борба од сите институции. За борбата против корупцијата најважно да имаме след на активности – тоа што ќе го сработи полицијата да го процесуира Обвинителството и Судот, а граѓанинот на крајот да ги види резултатите, додаде Спасовски.

Тој информираше дека од 1990 година до денеска стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија бележи продлабочување и се создадени сите услови за формирање на модерни институции кои ќе одговорат на предизвиците во секое време.

-Сакам да се заблагодарам на амбасадорката Агелер за нејзината посветеност и динамизирање на нашата соработка во овој период, меѓутоа и генерално на американската Влада за целосната поддршка која што ја имаме во сите овие изминати 30 години на независност и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме со вакви активности се во интерес и на граѓаните на Македонија, меѓутоа и на целиот наш регион, додаде Спасовски.

По денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на македонски јазик, порача дека „соработката помеѓу Северна Македонија и САД покажуваат позитивни и видливи резултати тука“.

-Претставува задоволство да се види во реалност како нашата соработка со Владата и Mинистерството за внатрешни работи има така позитивни резултати за граѓаните на оваа држава. Од 2016 година имаме обезбедено речиси четири милиони долари опрема за поддршка на граничната безбедност. Меѓу оваа опрема, се и „боди камерите“ коишто имаат значајна улога во безбедноста на земјава, како и останатата опрема за која работевме заедно со полицијата и останатите безбедносни служби, изјави Агелер.

Користењето на „боди камерите“, според Агелер, се еден вид оружје во борбата против корупцијата, но и за заштита на полицијата и граѓаните на оваа држава.

-Стоиме заедно со граѓаните, Владата и министерството и продолжуваме со нашата соработка, што сметам дека е особено важна за безбедноста и просперитетот оваа земја, порача Агелер.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АгелерграницаМВРСАДСпасовски

НАЈНОВО

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

June 9, 2025
Пламен се издига над рускиот град Чебоксари во Република Чувашија по наводниот украински напад со беспилотни летала на 9 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Украински дронови предизвикаа пожар во руски објект за електронско војување во Република Чувашија, погодиени два авиони во нападот на воздухопловната база Саваслејка

June 9, 2025
Скриншот

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk