ТРИЧКОВСКИ
Од Бакингамската палата соопштија дека и Кралот Чарлс Трети примил писмо од Павле Трајанов. Во моментот Неговото височество го проучува текстот и штом ќе му стане јасно што сакал да каже Војводата од Норд Македонија, ќе одговори.
Писмо од Павле и тегла слатко од беровски капини примила и монегашката принцеза Шарлин.
Прв пат се насмеала во последните 15 години, што го натерало Принцот Акберт да го замоли Павлета повторно да и пише и слатко да ѝ испрати, а тој во знак на благодарност ќе го тури македонскиот како еден од официјалните јазици во кнежеството,
Се уште не е потврдено но се чини дека се точни гласовите дека писмо добил и папата Фрањо. Кој веднаш се запишал н забрзан курс по македонски јазик.
Ете, драги пријатели, засега тоа се вестите од Македонски пошти.
Се зборува дека едно писмо отишло како месиџ ин а ботл од Т’га за југ што Павле го пуштил за време на годишниот одмор против Преспанскиот договор на Крф, островот кој е направен од капка крв на Господ во времето на страшните напори да го создаде светот. Што значи дека Севишниот бил Македонец, а Крф е македонски остров.
Толку за Павле, одиме со следната македонска будала, повелете господине, претставете се, на масата имате пенкало и хартија, повелете напишете ги вашите писма. До три, не повеќе.
Фала.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK