ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: ОКТА донираше соларна централа за градинката Корчагин-објект Пепелашка

August 23, 2023 13:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар го доби првиoт фотоволтаичен систем на покривот на градинката ЈУДГ „Раде Јовчевски Корчагин“ во објектот Пепелашка. Станува збор за фотоволтаична централа која што е донација на општествено одговорната компанија ОКТА,  со вкупна инсталирана моќност од 20,5 Kw (киловати) односно јачина која ќе ги задоволи капацитетите на градинката и во зимскиот период според анализите направени од стручни лица на компанијата.

„Очекуваме дека со новата фотоволтаична централа значително ќе се намалат вкупните трошоци за електрична енергија на градинката, што ќе ни овозможи повеќе средства да вложиме во одржување на високиот квалитет на услугите за згрижување и едукација на децата. Сакам да ѝ се заблагодарам на ОКТА за нивната посветеност и беспрекорната реализација на овој особено значаен проект и истовремено да ги поканам и останатите компании да го следат нивниот пример и да ни помогнат во реализација на нашите планови за постигнување поголема енергетска ефикасност на сите јавни објекти на територијата на нашата општина. Општина Центар токму за поставување на фотоволтаични централи неодамна го основа и ТД „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија. Верувам дека ваквите проекти ќе донесат голем бенефит и за генерациите после нас“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Компанијата ОКТА ја реализраше оваа донација, како дел како од активностите во обележувањето на 45-годишниот јубилеј на компанијата.

„Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, оваа година во наш фокус е поддршката на три образовни институции преку донација на соларни централи, со цел да им помогнеме во надминување на предизвиците кои се резултат на енергетската криза. Придобивките од оваа донација се многубројни, бидејќи ќе овозможи градинката да се снабдува со чиста и обновлива енергија, со што ќе придонесе значително да се намали потрошувачката на електрична енергија, а истовремено ќе обезбеди и намалување на нејзиното влијание врз животната средина. На овој начин, ОКТА ќе ја поддржи заедницата, во напорите за изградба на одржлива иднина за идните генерации“, изјави д-р Ристо Јаневски, Директор на Енергетско планирање и развој во ОКТА, при официјалното пуштање во употреба на новата фотоволтаична централа.

Општина Центар пред неколку месеци го основаше ТД „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија со цел да ги користи обновливите извори на енергија преку кои ќе заштеди средства и ќе вложува во нови проекти за потребите на граѓаните.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГерасимовскиГрадинкаОКТАЦентар

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk